Иниеста дебитираше со пораз на Висел Кобе

Андрес Иниеста дебитираше во јапонскиот шампионат, но неговиот клуб Висел Кобе на домашен терен претрпе убедлив пораз од 0:3 од Шонан.

Иниеста влезе во игра во 59-та минута при резултат 0:2, но не успеа да внесе промена во лошата игра на неговите соиграчи и до крајот на натпреварот примија уште еден гол.

Дебито на шпанскиот фудбалер беше поздравено од присутните гледачи во Кобе со стоечки овации. /МИА

Револуција во навивањето – во Базел подигната првата 3Д кореографија (ВИДЕО)

Викендов екипата на Базел на свој терен го дочека Цирих во дербито на 17 коло на швајцарското првенство и победи со 2: 0.

Но , натпреварот падна во сенка на неверојатната кореографија на навивачите на Базел , досега невидена во светот. Домашните навивачи на својата главна трибина подигнаа двојна 3Д кореографија .

Така навивачите можеа преку очила за 3Д можеа да гледаат во сината , односно во црвената кореографија на трибините и на теренот.

Мурињо ја бара ѕвездата на Наполи по цена од речиси 100 милиони евра

Манчестер Јунајтед би требало да плати 90 милиони фунти , односно нешто под 100 милиони евра ако сака од Наполи да ја донесе ѕвездата Калиду Кулибалви.

Според британски Тајмс, кој тврди дека ѕвездата на Наполи е главниот фаворит на тренерот Жозе Мурињо во зимскиот преоден период , на тој начин треба да се засили одбраната на Јунајтед. Во летниот период клубот не успеа да донесе ниеден одбрамбен играч иако се споменуваа Жером Ботенг, Хари Мекгвајер и Диего Годин.

,, Сопственикот на Наполи, Аурелиот де Лаурентис смета дека Кулибалви е централна фигура на тимот , која се наоѓа на второ место на Серијата А . Де Лаурентис би можел да се предомисли доколку Наполи по некој случај не го осигура влезот во Лигата на прваци , иако клубот не е под голем финансиски притисок.” , пишува Тајмс.

Одбраната на Јунајтед во Премиершип до сега прими 26 гола , што ја рангира како четврта најлоша одбрана во лигата. Јунајтед е на шесто место со 26 бода , дури 16 помалку од водечкиот Ливерпул.

Невидено хулиганство : Им фрлиле бомба на противниците (ВИДЕО)

Навивачите на грчките клубови Панатенаикос и Олимпијакос се познати по нетрпеливоста и вандалското однесување, но сега ги преминаа границите.

Омразата меѓу навивачите на двата најголеми грчки тима трае веќе со децении и познати се нападите со ножеви, факели , масовните тепачки на терените.Пред неколку дена во Атина се случи еден од најтешките инциденти во долгата историја на насилство и омраза меѓу двата тима.

Навивачите на Панатенаикос упаднаа во просториите на навивачите на Олимпијакос и најпрвин почнаа со палки да тепаат се околу себе. Потоа се случи нешто невидено – фрлија вистинска бомба.

Експлозијата го уништи клубот , неколку лица се повредени , а само со голема среќа никој не е смртно повреден. Видеото од овој неверојатен вандалски чин се појави денеска на социјалните мрежи.  

притисни ентер