Кривични пријави за четири лица за сообраќајката со мигрантите

Сакале да стасаат во европските земји, но македонската територија била кобна за двајца мигранти.

МВР поднесе кривични пријави за криuмчарење на мигранти за четворица.

Полицијата се сомнева во тројца гевгеличани и скопјанец дека организирале група и поттикнувале трговија со луѓе, дете и криумчареле мигранти.

Тие, со нелегалното внесувале мигранти во Македонија, заработиле пари. Мигрантите биле пренесени од Грција во Македонија, каде биле пречекувани од страна на членовите на организираната група. Ги превезувале кон липковско – кумановскиот региoн, за да ги засолнат таму и да ги круимчарат кон Србија, па оттаму да се упатат кон европските земји. Но, не успеале дотаму да однесат 23 мигранти.

Движејќи се преку таканаречениот „зелен појас“, преку Валандово, возачот се упатил на однапред договорената локација во близина на струмичкото село Костурино, зел 23 мигранти со потекло од Бангладеш и Шри Ланка и се упатил кон договорената траса.

„Но на пат кон Штип, возачот П.П. изгубил контрола над возилиото и удрил кај металната ограда покрај патот. Веднаш по незгодата П.П. го напуштил местото на настанот, меѓутоа по преземени мерки за активности од страна на полициските службеници, тој е пронајден и лишен од слобода. Исто така, приведено е уште едно лице од оваа криминална група“, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Но, двајца од кримчарите не им се пронајдени на МВР. Полицијата извршила претреси на две локации во Скопје и на една во Гевгелија, за каде има сомнежи дека може да ги пронајде кримчарите и доказите за нивните планови со кримчарење на мигрантите. За групата за чијашто се сомнева МВР постапката се префрлува во Обвинителството. Откако ќе бидат прибавени докзаите, јавнен обвинител одчучува каква ќе биде судбината на четворицата криумчари на мигранти.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Американците се згрозени од снимката на наставник како претепува ученик,додека другите гледаат

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расистичка основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот го нарекол наставникот „црнец“, што резултирало тој да се налути и да се соочи со младиот човек.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси наставникот и ученикот, а локалните власти известија дека на 27-годишниот маж отсега ќе му биде забрането да предава во областа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна.

Во музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ Харисон

Јапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.

Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси.

Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт.

„Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси.

Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите.

„Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си.

Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“.

Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години.

Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул.

„Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.

притисни ентер