Васоски: Доволно сме квалитетни за да одиме понатаму

Вардар мора да победи против Пјуник во утрешниот реванш натпревар од првото коло, ако сака да продолжи во квалификациите за Лига Европа.

Македонскиот клуб имаа негатива од еден гол (1:0) по натпреварот одигран во Ереван.

Раководството на Вардар по натпреварот во Ерменија одлучи да го отпушти тренерот Бобан Бабунски, а на негово место го постави досегашниот помошник Александар Васоски.

- Имаме незгоден резултат по првиот натпревар, но убеден сум дека можеме да ја анулираме оваа негатива. Тоа што треба да го смениме од првиот натпревар е пристапот. Сега имаме 90 минути во кои нема да се залетаме од прва секунда во напад. Ќе мора да играме балансирано, да напаѓаме, но и да внимаваме на својот гол, затоа што на примен гол, ќе треба да дадеме три. Доволно сме квалитетни за да одиме понатака, истакна Васоски.

Тој не сакаше да ја коментира смената на неговиот претходник Бабунски. Натпреварот меѓу Вардар и Пјуник се игра утре од 19 часот во Скопје. 

Нант казнет поради навивачите кои му оддаваа почит на Сала

Навивачите на Нант , тимот на трагично загинатиот фудбалер Емилијано Сала , посветија повеќе кореографии на првиот натпревар на домашен терен по несреќата.

Денеска дисциплонската комисија на француската Лига 1 реши жестоко да го казни клубот , предводен од Вахид Халилхоџиќ. Се казнува поради запалените факли од страна на навивачите со кои се простија од Сала.

Нант е казнет парично со 20 000 евра , а со нешто над 16 000 и за наптреварот против Сент Етјен , прв натпревар одигран по исчезнувањето на Аргентинецот.

Јавноста е згрозена од казните , зашто не станувало збор за никакви насилничко однесување или за повреда на дисциплина , туку за почит кон Сала.

Тој загина во авионска несреќа на 21 јануари , на враќање од Нант каде се простил од соиграчите пред да почен да настапува за Кардиф.

Навивач на Манчестер Сити во критична состојба по мечот со Шалке

Манчестер Сити со голем пресврт синоќа го победи Шалке со 3: 2 и се приближи до четвртфиналето на Лигата на Шампионите.

Но , инцидент по натпреварот го помати славјето. Неименуван навивач на англискиот клуб бил нападнат веднаш по натпреварот. Не е познат ниту напаѓачит , ниту детали како се случил. Тој со тешки повреди е префрлен во болница и се наоѓа во животна опасност.

,, Манчестер Сити е свесен за наводниот напад кој вчеравечер се случил на Велтинс Арената. Клубот соработува со полицијата од Манчестер и со германската полиција , за да дознаеме повеќе информации. Штабот на клубот остана во Германија за да му пружи поддршка на семејството на повредениот навивач , кој се наиѓа во критична состојба. “ , се наведува во соопштението од Манчестер Сити , во кое се апелира до сите кои знаат повеќе детали за инцидентот да ја контактираат полицијата.

Брејкденс станува олимписки спорт

Брејкденс на Олимпијадата во Париз во 2024 би можел да стане олимписки спорт заедно со сурфање , слободно качување и скејтборд.

За да ја направат поинтересна олимписката програма во Париз , организаторите решиле да го вклучат брејкденс, сурфање , слободното качување и скејтборд. Целта на организаторите на Олимпијадата во Париз 2024 е да се поврзе со спортовите присутни низ целиот свет и на Игрите да им се даде поурбана, поприродна и повеќе уметничка димензија.

Шефот на организацискиот одбор на Олимпијадата 2024, Тони Естангет , вели дека на тој начин игрите ќе се поврзат со денешната култура.

МОК допрва треба да ги потврди овие четири спортови , така што брејденс би се појавил во Париз 2024 ,а другите три спорта се предвидува дека че добијат дозвола да се појават на Олимпијадата во Токио 2020.

притисни ентер