ГАК: Намалена смртноста на новороденчињата

Малиот херој бебето Бетим е најмладото предвреме родено бебе на Балканот кое иако родено со само 23 недели и 3 дена се води како најмладо и најнезрело преживеано новороденче.

Овој своевиден рекорд долго време го држеа прво пред 5 години бебе од Белград родено 24 недела а потоа и бебе од сплитската болница родено 23та недела и 6 дена. Ова е само еден од резултатите со кои се гордеат докторите од скопската гинеколошка акушерска болница од одделот за интензивна нега од каде се пофалија дека за 6,7 % ја намалиле смртноста кај новороденчињата во првите 6 месеци од годината споредено со истиот период лани.

- Не само што е запрен трендот на пораст од последниве две-три години туку се бележи и намалување. Постигнат е успех и во намалување на смртноста на новородени кои спаѓаат во групата од 29. до 36. недела каде се бележи двојно намалување на починати, за разлика од лани, рече д-р. Љиљана Којиќ.

Бројот на годишни породувања според докторите на гинеколошко акушерската болница е речиси ист како и борјот на бебиња кои завршиле на интензивна нега каде лани примиле 336 во првите 6 месеци а годинава 321 бебе но бројките покажуваат дека од 85 смртнотноста е намалена на 57 починати новороденчиња кои се во најголем дел и предвреме родени со тежина од килограм и петстотини грама.

-80 до 85 проценти од починатите новороденчиња се под 32. гестациска недела или се со телесна маса под еден килограм и петстотини грама. Тие три четвртини од починатите се со рани компликации, а најчесто заради незрелста на белодробието и на централниот нервен систем, изјави докторката Елизабета Петковска.

Ова позитивни резултати на скопска гинекологија се должат на набавката на нови инкубатори и дополнителни апарати како и на доекипирањето на медицинскиот персонал со 20 медицински сестри како и примена на нови процедури кои се по европски стандарди. Наскоро се подготвува и трансфер на знаење со позната Софиска болница од каде треба да дојдат доктори но и наши да заминат таму на обука.

Белата куќа објави ново партнерство со 50 земји за борба против идните пандемии

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе им помогне на 50 земји да идентификуваат и да одговорат на појавата на заразни болести со цел да се спречи нова пандемија како Ковид-19, која остро го наруши нормалниот ритам на животот ширум светот во 2020 година.

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања, рече висок претставник на администрацијата на Бајден кој сакаше да остане анонимен. Официјалниот претставник не кажа за кои земји станува збор.

Соопштението доаѓа во момент кога земјите се обидуваат да се договорат за меѓународен одговор на идните пандемии. Четири години по пандемијата Ковид-19, изгледите за договор во оваа насока што ќе го потпишат 194-те членки на Светската здравствена организација изгледаат сè понејасни.

Програмата на САД ќе се потпира на неколку владини агенции, вклучувајќи го Стејт департментот, Центрите за контрола и превенција на болести, Американската агенција за меѓународен развој и други, за да им помогнат на земјите да го подобрат својот одговор на појавата на заразни болести. /МИА

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата, Кремљ „ладно реагираше“

Прекинот на непријателствата под олимписко примирје е долгогодишна традиција.

Кремљ денеска „ладно реагираше“ на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за примирје во меѓународните конфликти за време на Олимпијадата во Париз, велејќи дека Украина може да го искористи тоа како можност за прегрупирање и повторно вооружување, пренесуваат странските агенции.

Прекинот на непријателствата под олимписко примирје е долгогодишна традиција, а Макрон во интервјуто во понеделникот рече дека ќе работи на тоа да го постигне кога Париз ќе биде домаќин на Летните игри од 26 јули до 11 август.

Запрашан за тоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека и рускиот претседател Владимир Путин и руската војска забележале дека „режимот во Киев, по правило, користи такви идеи и иницијативи за да се обиде да се прегрупира, да се обиде да се превооружи“.

Песков во однос на можноста за олимписко примирје рече дека сè уште никој не презел никакви официјални чекори во тој поглед.

Во интервју за француските медиуми, Макрон рече дека Франција ќе направи се за да се постигне примирје во конфликтите во Украина, Газа и Судан и дека за ова прашање ќе го ангажира кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Тоа е можност во која ќе се обидам да вклучам многу наши партнери. Кинескиот претседател доаѓа во Париз за неколку недели, ќе го замолам да ми помогне“, рече Макрон.

Песков, одговарајќи на посебно прашање за Кина, рече дека позицијата на Пекинг за украинскиот конфликт е „многу избалансирана и конструктивна“.

Кина, која не ја осуди инвазијата на Москва и значително ја зајакна трговијата со Русија од почетокот на војната, минатата година поднесе мировна иницијатива која се состоеше од збир на општи принципи кои не вклучуваат специфики за тоа како да се стави крај на конфликтот. /МИА

Алкараз не е сигурен дека ќе има време да закрепне за Мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз проговори за повредата поради која се повлече од турнирот во Барселона.

Шпанецот нема да може да ја одбрани титулата поради проблеми со десната подлактица.

- Ми беше тешко да ја донесам оваа одлука бидејќи овој турнир е важен за мене. Сакам да се вратам во Мадрид, но не сум 100% сигурен за тоа. Ќе се обидеме да дадеме се од себе. Дојдов од Монте Карло да поминам неколку дена дома и да видам дали можам да тренирам, да закрепнам и потоа да одам во Барселона во најдобра можна форма. Направив магнетна резонанца во саботата наутро, а сликите покажаа позитивна динамика. Но, во неделата работите не одеа како што сакавме: секој пат кога го зголемував интензитетот на моите форхендови, непријатноста се зголемуваше, изјави Надал.

Мастерсот во Мадрид, каде што Алкараз треба и да ја одбрани титулата ќе се одржи од 24 април до 5 мај. /МИА

притисни ентер