Британскиот министер за надворешни работи поднесе оставка

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон поднесе оставка.

Тоа е трета оставка во британската влада за помалку од 24 часа.

Премиерката Тереза Меј за новинарите изјави дека постојат несогласувања во нејзината влада околу Брегзит, а Џонсон после консултациите со пријателите и партнерите, одлучил да поднесе оставка.

„Денеска попладне, премиерката ја прифати оставката на Борис Џонсон на местото министер за надворешни работи. Наскоро ќе биде објавено кој ќе го замени“ - пишува во соопштението на канцеларијата на премиерката Тереза Меј.

Премиерката му се заблагодарила на Џонсон на неговата работа, се наведува во соопштението.

Заев: Ние ќе направиме сè што е во наша надлежност да го испорачаме назад Груевски

Остро и категорично ги отфрлам шпекулациите дека имало каков било политички договор со  Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија рече премиерот Зоран Заев.

 Премиерот  потенцираше дека од кога етој на власт се потврдило владеењето на правото . Според него иако  постоеле гласини дека некој може да бега,  власта не можела да презеде дејствија за некој кој сè уште е слободен човек и кој нема уаптен акт за затвор.

 „Каков кукавица е тој кој што цело време велеше дека тој за Македонија е спремен да оди во затвор, тој, само да не бидат други таргет. Дојде моментот на прифаќање на одговорноста избега како кукавица надвор од джрвата обидувајќи се да добие аболиции. Тоа само по себе потврдува дека е виновен за тоа за што е осуден. Казните мора да бидат одлежани, така да ние ќе направиме сè што е во наша надлежност да го испорачаме назад Груевски. Веќе се почнати некои постапки“, рече Заев.

Прашан за одговорноста на институциите за бегството на поранешниот премиер, Заев се правдаше дека Министерството за внатрешни работи постапило согласно законските прописи, но призна дека се направени пропусти

„Апсолутно секој процес го водиме транспарентно и нема ништо тајно и заткулисно. Пропусти нема направено ниту една институција единствено ако граничната полиција направила пропусти. Веднаш дадовме налог да се истражи секоја постапка и сè ке биде јавно објавено“,  Груевски е кукавица затоа што претходно зборувал дека тој ќе ја преземе одговорноста само други лица да не бидат таргет, а сега избегал надвор од државата“,истакна премиерот Заев.

.Заев информираше дека Министерството за внатрешни работи на Унгарија контактирало со македонското МВР и потврдило дека Груевски  бара азил и оти тие побарале информации  за што е осуден во нашата земја.

„Секако се очекува за една земја како Унгарија да биде пример дека нема да штити криминалци кои направиле штета врз граѓаните на РМ. Каква е мотивацијата за нас за членство во ЕУ кога една земја членка на Унијата би била засолниште на криминалци и не го почитува меѓународното владеење на правото и меѓународната пракса“, рече Заев и посочи дека е убеден дека Груевски ќе си ја отслужи казната.

 

Рохани: САД избраа погрешен пат

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД избрале погрешен пат со повторното воведување на санкции кон Иран.

„Американците дефинитивно ќе бидат поразени на тој пат. Ако тие се искрени и ако им значи регионалната стабилност тие не би тргнале по тој пат. Да се искрени и да го почитуваат иранскиот народ, не би тргнале по тој пат“, истакна Рохани.

Тој додаде дека Американците се озлогласени во светот и кон иранскиот народ.

„На сите им е јасно дека некоректните и свирепи санкции на Америка ќе го оштетат драгиот и чесен народ на нашата земја“, посочи Рохани.

Американските санкции се однесува на транспортниот, финансискиот и енергетскиот сектор на Иран. Тоа е втор пакет санкции откако претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од Мултилатералниот договор со Иран во мај годинава.

Вашингтон на 5 ноември повторно воведе санкции со цел да го принуди Иран да ги стопира нуклеарната програма и развојот на балистички ракети, како и да ја прекина поддршката на силите кои се борат во Сирија, во Ирак, во Либан и во Јемен.

Град Скопје ќе се кандидира за Европска престолнина на културата за 2028

 Градските власти денеска официјално ја објавија одлуката за номинирање на Скопје како можен кандидат за титулата на Европската комисија, Европска престолнина на културата за 2028 година.

– Оваа апликација е доказ за нашите заложби дека Скопје треба да е европски, модерен град, каде вистинските културни вредности ќе бидат на највисоко ниво. Сите активности на Градот или во Градот, како што е реновирањето на Универзална сала, ќе бидат насочени кон целта Скопје во 2028 година да биде европска престолнина на културата, рече Шилегов. Додаде дека да се биде европска престолнина на културата не значи само богата програма на настани, туку и заграбување и оживување на нови културни простори. Потенцира дека културата обединува и не знае за граници.

Шилегов информира дека искуствата од досегашните престолнини покажуваат оти за секое вложено евро, градот добива назад осум евра. Добивањето на оваа титула, како што рече, ќе значи зголемен број на туристи, препознатливост и поголем развој.

Тој потенцира дека Скопје, неговите граѓани и културните работници ќе сторат се оваа наша апликација да стане реалност.

Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во кабинетот на премиерот Заев и координатор на тимот Скопје – Европски град на културата 2028 година изјави дека кога ќе биде објавен повикот за кандитурата во 2021 или во 2022 година, ние ќе треба да поднесеме апликација, која е сложена.

Во апликацијата, како што рече, ќе треба да бидат одговорени многу прашања, кои експерти од ЕК ќе ги разгледуваат и преку процес на селекција ние ќе докажаме дека заслужуваме да ја добиеме титулата. Експертите препорачуваат најмалку три до четири години предвреме да се почне со подготовките и еден од критериумите за успех е тоа да не биде кабинетска програма, туку програма која навистина многу ќе му значи на Градот.

– Веќе два месеца едно јадро од десетина луѓе работи на програмата, истражува, ги студира материјалите и успешните апликации, воспоставува почетна комуникација со други градови. Идејата е во 2019 и во 2020 година да се добиваат повеќе средства од буџетот за да може тимот да расте, успешно да го совлада предизвикот и да поднесе апликација која би требало да има најмногу стотина страници, рече Алаѓозовски. Смета дека Скопје има капцитет и ќе успее во овој процес бидејќи добро почнале и имаат план како понатаму да продолжат за да се дојде до успешна апликација.

Алаѓозовски соопшти дека иницијатива и подготвителни активности за кандидатира се почнати од 2014 година, а одлуката е донесена дека со сигурност за три години ќе се кандидираме од сега.

Градовите Пловдив и Љубљана му ги пренесуваат своите искуства и му помагаат на Град Скопје во подготовката на оваа апликација и да се добие титулата – Европски град на културата за 2028 година.

Иван Тотев, градоначалник на Пловдив – Европски град на културата 2019 потенцира дека ова е политички, а не само културен проект и треба да има консензус од сите кои работат во него. На работно ниво треба да бидат луѓе кои ја разбираат културата, а не политичари, да се има план за десет години, да се поврзат сите културни работници…

притисни ентер