Камбовски: Иванов е должен да потпишува закони, а не да изнесува лични ставови - Канал 5

Камбовски: Иванов е должен да потпишува закони, а не да изнесува лични ставови

Одлуката на претседателот Иванов да не го потпише Договорот со Грција, отвора простор и за низа други правни преседани. За академик Владо Камбовски, Иванов е должен да потпишува закони, а не да изнесува лични ставови.

Камбовски: Иванов е должен да потпишува закони, а не да изнесува лични ставови

По се поизвесното повторно изгласување на законот за ратификација на договорот со Грција, експертите стравуваат дека џебното вето на претседателот Иванов ќе биде причина и за други правни преседани. Ова доаѓа по најавите на спикерот Џафери, дека законите ќе ги испрати во службен весник со или без потписот на шефот на државата.

На оваа тема се огласи и академикот Владо Камбовски кој изјави дека Уставна должност на претседателот на државата е да ги потпише законите и договорите што ги усвојува и ратификува Собранието.

Имајќи во предвид дека кон крајот на неделата е закажана собраниската седница за повторно гласање на законот за ратификација со договорот со Грција, може да се очекува дека веќе во петок, законите ќе бидат пратен до службен весник. По овој извесен развој на ситуацијата Службен весник е институцијата која ќе биде во средина на овие случувања. Директор Мартин Костовски во телефонски разговор за Канал 5 кажа дека институцијата која ја раководи никогаш нема да биде пречка за сите прогресивни случувања во земјава. Според ова најверојатно доколку Џафери ги испрати законите во Службен Весник тие ќе бидат објавени, а со тоа ќе стапат на сила

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Кузмановска: Кога медицината е немоќна, човечноста може да спаси живот

Утре на Медицинскиот факултет во Скопје, со почеток во 15 часот, ќе се одржи и трибината „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“.

Д-р Кузмановска: Кога медицината е немоќна, човечноста може да спаси живот

„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“

„Пред сѐ, сакам да се заблагодарам на сите досегашни органодарители, коишто спасиле многу животи, а воедно да ја поттикнам јавноста да размисли, за ова хумано, човечно дело, така што по смртта на своите блиски или по својата смрт да дарува органи, коишто значат живот, спас за луѓе кои секој ден го чекаат повикот, да добијат нова шанса за живот“, вели проф. д-р Кузмановска.

Во рамки на националната кампања, утре на Медицинскиот факултет во Скопје, со почеток во 15 часот, ќе се одржи и трибината „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, на која ќе учествуваат претставници на Владата, здравствените институции, трансплантациските тимови, граѓански организации, студенти и здравствени работници. Целта на овој настан е темата за органодарителството да стане дел од отворен, информиран и одговорен јавен разговор.

„Нашата задача е да ја замениме недовербата со знаење, стравот со информираност и неизвесноста со јасно изразена лична волја. Зад секоја согласност стои нова шанса за живот“, истакнува министерот за здравство, Азир Алиу.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции

Филипче без тронка срам одиш и ги лажеш граѓаните, но има еден голем проблем, никој не ти верува.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции

Филипче да те потсетиме дека кога заминавте од власт, оставивте долгови, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Можеби дојде време да одговорите на земјоделците каде тие пари завршија.

Дали токму со парите на земјоделците си купивте визи во Дубаи, станови по скапи комплекси низ Скопје?

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од самото доаѓање на власт исплати 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплати близу 4 милијарди денари.

Вкупно од 27.07.2024 година до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски.

Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, одговори им зошто во ваше време се вметна во законот за вино дополнителни 8%, кои винариите им ги кратат на лозарите.

Филипче одговори на лозарите зошто не ја изготвивте методологијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје, туку Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе за 18 дена.

Не ви поминуваат лагите, прочитани сте, подгответе се за длабока опозиција.

Резултатите во земјоделството се видливи, земјоделците имаат партнер во Владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека никогаш нема да бидат оставени сами како со СДС.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема брза пруга, ќе има мигранти

Мицкоски и ВМРО денеска се фалат дека „ќе има брза пруга“, а дека „нема мигранти“. 

СДСМ: Нема брза пруга, ќе има мигранти

Ова е уште една во низата нивни лаги.

Пред неколку дена јасно кажавме: Скопје не е на мапата на европската брза пруга.

Нема проект, нема пари, нема ништо. Сега, кога немаат што да кажат, повторно се фалат со празни ветувања.

Сето ова Мицкоски го прави затоа што сака предвремени избори.

Нема ниту еден реален успех на оваа влада, па повторно мора да измислува проекти како предизборни ветувања.

Така ветуваше промена на името, укинување на Преспанскиот договор, па сега ветува брза пруга.

Истото важи и за мигрантите. Уште на почетокот на годината предупредивме дека Мицкоски договара мигранти. Тоа го потврдија и светски медиуми.

Во Давос, освен средбата со 4iG (компанија која сега е под истрага во Унгарија), имал и посебна средба токму за „економски работници“.

Во Европа се зголемуваат протестите против мигранти.

Европската унија усвои правила со кои им овозможува депортација на мигранти во трети земји.

Македонија ја гледаат токму на тој начин - како земја во која може да се носат - затоа што нема напредок во реформите и на патот кон ЕУ.

Мицкоски ја изолира земјата, а потоа ќе прифати мигранти за пари.

Тоа се „економските работници“ како што ги прекрстија со закон.

Владата во јануари донесе уредба за 10.000 оваа година, а Николовски најави зголемување на 50.000 нови економски работници.

Реалноста е едноставна:

Нема да има брза пруга, затоа што нема пари.

Ќе има мигранти, веднаш по изборите, затоа што нема пари.

Кога државата е финансиски исцрпена, а Мицкоски и неговата банда продолжуваат да трошат на клиентелизам и пропаганда, тогаш нема инвестиции, нема развој, туку има само увоз на евтина работна сила за да се одржи системот.

Мицкоски повторно лаже.

Ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже и коалиционите партнери. А најмногу – се лаже сам себе дека може да ја прикрие вистината.

Нема пруга. Ќе има мигранти.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер