40 минути по најавениот протест пристигна и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Од пред паркингот дел од моторџиите завршија на состанок со градоначалникот. Шилегов предложи цена.
„Јас предлагам цена од 5 до 7 денари по саат. Еве во првата година наплата да нема да видиме како ќе биде“ вели Петре Шилегов градоначалник на Град Скопје.
Моторџиите велат не само цената, туку и самото обележување на паркинг место ќе значи големи казни, бидејќи не може да се остави моторот каде сакаат.
„Вие со ова ми навлегувате во приватниот живот. Зошто јас со мотор да одам некаде, притоа да го паркирам да не можам да го гледам моторот и да платам? Моторот не е кола, секој може да седне на него да го оштети. Тогаш ќе одиме со автомобили во град каде е хаос“, објаснија моторџиите на состанокот со градоначалникот.
По давањето објаснување за сите бенефити и за сообраќајот од возење мотор, градоначалникот не го поколебаа ниту за наплатата, ниту да стане моторџија.
Крајот на состанокот заврши со договор за утрешен нов старт на преговорите за или не плаќање на паркинг за мотори.