Дали Вашингтон го направи клучниот дипломатски притисок врз Париз, за последниот скептичен лидер во ЕУ-Макрон да доволи Македонија да добие датум за почеток на преговори?
Стејт департментот синоќа објави соопштение дека првиот човек на американската дипломатија, државниот секретар Мајк Помпео разговорал со неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дриан, со единтвена цел да побара од Франција да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.
- Државниот секретар Помпео побара од франускиот министер за надворешни работи Ла Дриан да ја поддржи поканата од НАТО за приклучување на Македонија, како и отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ, по потпишувањето на договорот за името меѓу Грција и Македонија, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на Стејт департментот.
По првичната петорка од ЕУ која стоеше зад т.н. нон-пејпер, на позиција против преговори за нови членки остана само уште Франција, откако најпрво Луксембург, Данска и Белгија отстапија, а пред неколку дена и Холандија, која стрикно не поддржува датум за Албанија, но се чини не би се противела да го добие Македонија, особено ако Франција се премисли.
Премирот Заев во петокот рече дека очекува и Макрон да ја сфати важноста на моментот, предивикан од договорот со Грција.
Македонија од 2009 година доби повеќе препораки за старт на преговорите, но секогаш пречка беше нерешениот спор за името.. Сега, откако договорот се потпиша и ратификува, тоа веќе нема да биде проблем.. Шефот на грчката дипломатија Коѕијас денеска ќе ги потпише, а утре ќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО во кои ќе информира дека Грција нема да се противи за европската и евро-атланската инеграција на Македонија што е исполнување на нејзинот дел од обврските од Договорот за решавање на спорот за името.
Дали ова ќе биде доволно Македонија конечно да добие почеток на преговори, ќе биде појасно утре и задутре кога се состануваат министрите за надворешни на земјите членки, но дефинитивната одлука ќе ја донесат шефовите на држави и влади на Самитот во четврток и петок.