Подводно ќе се истражува локалитетот Залив на коските кај Градиште

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) и Центарот за истражување на предисторијата – Скопје денеска организираат отворен ден со медиумите на локалитетот Плоча Миќов Град (Залив на коските) кај Градиште во Охрид.

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) и Центарот за истражување на предисторијата – Скопје денеска организираат отворен ден со медиумите на локалитетот Плоча Миќов Град (Залив на коските) кај Градиште во Охрид по повод отпочнувањето нова археолошка кампања на подводни и дендрохронолошки истражувања.

Како што соопшти УЗКН, на овој локалитет - предисториска наколна населба, во текот на идниот месец ќе се реализира ново археолошко истражување во рамки на меѓународен проект во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата - Скопје, Универзитетот во Берн и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.

- Во проектот првпат ќе бидат применето дендрохронолошко датирање на археолошки локалитет во Македонија, така што ќе се анализираат дрвените колци од населбата, а воедно ќе се изврши и нивно ГИС мапирање со цел да се одреди точната позиција. На тој начин, ќе се утврди староста на секоја градба поединечно и прецизно ќе се одреди нивниот облик. Во рамките на проектот ќе се врши фотограметриско и 3Д моделирање на наодите и нивно кабинетско проучување со цел да се дефинираат социјалните, економските и симболичките процеси на заедниците што ја формирале и живееле во оваа предисториска наколна населба, информира УЗКН.

Почетокот на истражувањето со свои обраќања ќе го означат Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управата за заштита на културното наследство, Алберт Хафнер, професор на Институтот за археологија при Унивезитетот во Берн, и Гоце Наумов, раководител на истражувањето.

На настанот ќе биде презентиран планот на истражувањата, а ќе се демонстрираат и нуркачки активности на археолозите вклучени во проектот – истражувачи и студенти од Швајцарија и Македонија. Овој настан е вклучен во годишната програма на УЗКН за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“ /МИА

Паника во авион, во рачен багаж патник носел 20 змии

Анонимен патник предизвика паника во авион кој летал на линија од Германија до Русија. Во неговиот рачен багаж се откриени 20 змии.

Патникот при на екипажот на авионот му изјавил дека змиите ги купил на пазар во Германија.

-Змиите биле спакувани во канистри во неговата торба: Немаше документи за змиите. Од која врста се змиите ќе одредат стручњаци, но неофицијално станува збор за не отровни змии, е наведено во соопштението од прес центарот на интернационалниот аеродром Шереметјево.

Змиите сега се во карантин во Москва, поради тоа што на патникот немал соодветни документи за истите, вклучувајќи и одобрение од ветеринар за пренесување на змиите од Диселдорф во Русија.

Според извештајот, германските аеродромски власти  во Диселдорф истакнале дека немале никаков инцидент при безбедносната проверка и воедно истакнуваат дека внесувањето на змии во авион не е нелегално, но дека е потребно соодветно одобрение за тоа.

Ексклузивно интервју на Мицкоски за Канал 5

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во ексклузивно интервју за Канал 5 вели  дека нема раскол во најголемата опозициска партија.

Мицкоски говори и за актуелните прашања во однос на референдумот и договорот со Грција.

Со лидерот на најголемата опозициска партија разговараше Мирјана Трпческа. 

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ  има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат.ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Мицкоски.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Порошенко ја тужи ББЦ за клевета поради напис за средба со Трамп

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја тужи британската телевизиска мрежа ББЦ за клевета поради написот во кој се тврди дека Киев платил за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во написот објавен во мај, ББЦ наведува дека поранешниот адвокат на Трамп – Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 од украинскиот претседател за да ја организира првата средба меѓу Порошенко и Трамп во Белата куќа во јуни 2017 година.

Според тој напис, кој се повикува на неименувани украински извори, цел на состанокот било зголемување на влијанието на Киев во Вашингтон, на тој начин што состанокот не би изгледал како куса средба, туку како „вистински разговор“.

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

Тој бара од британската телевизија да ги демантира тврдењата и да исплати отштета за клевета.

притисни ентер