Драган Ковачки утре гостин во „Жешко Политичко Лето“

Утре 5.8.2021 во емисијата Жешко Политичко Лето гостин ќе биде полковникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. 

Доколку имате прашања до нашиот гостин испратете ги најдоцна утре 5.8.2021, но не подоцна од 13 часот, на e-mail адреса [email protected] Ве молиме доколку сте од политичка партија праќајте од вашите официјални e-mail адреси, а доколку сте граѓани, пишувајте ни од вашата e-mail адреса и задолжително прикачете и ваша фотографија, во спротивно прашањето нема да го објавиме. #ЖПЛ.

Драматична ситуација со пожарите во Пијанечко-малешевскиот регион

Драматична е ситуацијата во Пијанечко-малешевскиот регион каде во текот на целиот ден не стивнуваат пожарите...

Има информации дека зафатени се куќи, а дел од населението во селата е евакуирано.

Во гаснењето на пожарот требаше да учествуваат и пет хеликоптери, но тие се повлечени поради топлото време.

На терен го имаме Михаил Милиошевски,

Безос веќе не е најбогат на светот, го престигна францускиот милијардер Арно

Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот.

Имено, неговата вредност падна за 13,9 милијарди долари за само еден ден, бидејќи цената на акциите на Амазон минатата недела нагло паднале за 7 проценти, откако компанијата објави помалку очекуван раст во вториот квартал.

Падот на вредноста на Безос му овозможи на Французинот Бернар Арно да го заземе првото место на листата на најбогатите. Арно го води конгломератот за луксузни производи LVMH, чии подружници се Louis Vuitton, Sephora, Moet & Chandon и Tiffany & Co.

Арно го зголемил своето богатство за речиси 100 милијарди долари во текот на првата година од пандемијата. Нето богатството на Арно во понеделникот изнесувало 195,8 милијарди долари , наспроти 192,6 милијарди долари на Безос.

Безос минатата година влезе во историјата како прв човек вреден над 200 милијарди долари, бидејќи Амазон имаше огромни добивки од пандемијата. Двајцата милијардери се бореле за првото место во текот на мај и јуни оваа година, но неодамнешниот пресврт стави крај на 50-дневната трка на Безос за врвот. Во светот има вкупно 2.755 милијардери, од кои 86 проценти се побогати отколку пред една година.

притисни ентер