Холивудскиот пар објасни зошто нивната ќерка има машко име

Славниот холивудски пар, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс кога го откри името на својата најстара ќерка, целиот свет остана шокиран од нивниот избор

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс во брак се веќе шест години и се горди родители на две девојчиња – едногодишната Инес и тригодишната Џејмс.

И додека на многумина името Инес им се допаѓа, во превод значи “чистота, светост“, на никого не му е јасно зошто славниот пар за постарото девојче избрале машко име.

Рајан за порталот mrporter.com објасни зошто се одлучил за тоа име.

Имено, пред да се ожени со Блејк, Рајан не бил во добри односи со својот татко Џејмс. Неговиот татко боледувал од Паркинс, а пред да почине Рајан успеал да ги среди односите со него и да се помират. За тоа како што изјави, заслужна била неговата сегашна сопруга.

Токму поради тоа, актерскиот пар се одлучил на својата ќерка да му го додели името по дедото, иако биле свесни дека девојчето цел живот ќе има “проблеми“ поради името.

„Нашата ќерка засега мисли дека нема никаква разлика меѓу неа и машките деца, дека може да направи се што ќе направат и тие. Се надевам дека така ќе остане и во иднина“ – истакнала убавата актерка.

Фото: Секси модел од конзервативно семејство!!

Русокосата Кирстен Нелсон е секси модел од конзервативно семејство. 

Иако убавиот модел го носи името на американската актерка Кирстен Нелсон, оваа млада дами има многу малку заеднички работи со светото на филмот и театарот.

Сексапилната Кирстен работи како фотомодел и е зависничка од фитнес, која на социјалните мрежи има повеќе од 200 000 следбеници.

Нејзиниот начин на живот и предизвикал големи проблеми во конзервативното семејство.  

Фото: Гламурот на Џенифер Лопез

Гламурозниот изглед на светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез остави многумина без здив.

Се во врска со популарната Џеј Ло е гламур и Холивуд.

Црвениот тепих на премиерата на филмот „ Second act  Njujorku“ дефинитивно мина во знакот на гламурозната латиноамериканка.

Лопез на филмската премиера се појави во гламурозен пинк фустан со тантела, потпишан од дизајнерот Џанбастита Вали.

Фустанот е комбинација на коктел и балски, предната страна ги открива нозете , а позади има огромен тул.

Фото: Во чест на тракторите , Мустанг и Ламборгина во едно

„Tractorri Custom Coupe“ ги спои во едно Мустанг и Ламбургини.

Направен специјално за СЕМА изложбата, „ Tractorri Custom Coupe“ го претстави хибридот од овие два исклучителни, но сепак различни спортски автомобили.

Базиран на Форд Мустанг од 2007 година со 5,0 литарски В10 атмосферски мотор, трансмисија и погон на сите четири тркала Ламборгини Гиљарда во овој уникат во чест на производството на трактори на Ламборгини се вложени повеќе од 700 000 долари.

Во комплетно преработената каросерија се вклучени и покажувачите на правец од Порше 911 Турбо , а задните светла од Гиљард.

Што се однесува пак на внатрешноста, контролната табла исто така е од Гиљаед прилагодена на телото на Мустанг, а централната конзола и Алкантара седиѓтата се повторно од Ламбургини.

притисни ентер