Овие хороскопски знаци владеат со светот! 4 најмоќни, проверете дали сте помеѓу нив

Секој има своја личност и карактер, без оглед на хороскопски знак. Астролозите наоѓаат заеднички особини кај луѓето родени во ист знак.

Можеби збучи како генерализација, но кога малку подобро ќе погледнете околу вас ќе воочите сличност кај исти знаци.

Некои од хороскопските знаци имаат посилен, интензивен карактер и личност од другите, што ги прави лидери и харизматични политичари или познати личности. Значи, овие знаци се сметаат за „помоќни“ во општествена смисла, што не значи дека генерално хороскопот е виновен за тоа.

Овен

Овните се еден од најмоќните знаци во Зодијакот. Тие се полни со енергија и виталност, со интензивен и авантуристички дух. Неуморни борци. Луѓето родени во знакот на Овен не се плашат од ништо, секогаш се подготвени да постават нови предизвици и да имаат лидерски став, што им дава голема самодоверба. Овните се бунтовни, ратоборни и импулсивни. Не се плашат да го споделуваат мислењето на било која тема, упорни се и тврдоглави. Тоа што Овните ги прави моќни е нивниот капацитет за лидерство, енергијата и недостаток од страв.

Познати луѓе кои се родени во знакот Овен:Јохан Себастијан Бах, Хари Худини, Чарли Чаплин и Лејди Гага.

Скорпија

Скорпиите имаат изразена силна личност, но се разликуваат од останатите знаци по нивните интензитет. Ова е особено видливо на емотивното ниво. Нивната постојана страст ги прави незапирливи додека не ги постигнат зацртаните цели. Луѓето во знакот Скорпија се доста критични и маат силен карактер Тие се ангажирани со нивните партнери .Многумина сметаат дека Скорпијата е најсилниот знак во зодијакот. Тоа што ги прави моќни Скорпиите е нивната решителност, константност и способност да ги постигнат нивните цели.

Познати личности родени во знакот Скорпија: Пабло Пикасо, Рајан Гослинг, Марија Антоанета, Кети Пери, Леонардо ди Каприо.

Рак

Иако се познати по ненадејни и брзи промени на расположението, Раковите исто така се и силни и упорни луѓе. Конкретно, тие се обично полни со самодоверба и луѓе кои веруваат во лична компетенција, што ги развива во амбициозни личности во професионалниот и сентименталниот живот. Луѓето родени во знакот Рак имаат големи очекувања од пријателите и партнерот, и се фалат со нивната голема искреност, дури и ако мора да ги повредат туѓите чувства. Тоа што Ракот го прави моќен знак е самодовербата, што им помага да добијат што и да посакаат како и нивните перфекционизам кој ќе им овозможи создавање на неверојатни работи.

Најпознати Ракови на сите времиња се : Густав Климт, Јулије Цезар, Мерил Стрип, Фрида Кало, Принц Вилијам.

Лав

Списокот го завршуваме со еден од најсилните хороскопски знаци - неговото величество Лавот. Нивната најистакната особина е нивниот доминантен карактер. Лавовите се родени лидери. Тие не се плашат од соочување со несреќи, а имаат големи способности да прават планови и стратегии кои им помагаат во постигнувањето на целите. Силата е тоа што понекогаш го прави Лавот премногу горд, арогантен и тврдоглав. Тие се и еден од најатрактивните знаци во хороскопот. Особина која ги прави Лавовите еден од најмоќни знаци е нивната харизма.

Славни личност родени во знакот Лав:Барака Обама, Мадона, Луис Армстронг, Џеки Кенеди.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер