Работнички не дозволува гостински навивачи, МЗТ жестоко реагираше

Управата на кошаркарскиот клуб Работнички денеска донесе одлука со која на претстојните натпревари од финалната серија на плејофот нема да прифати организирана гостинска навивачка група во салата „Градски парк“ .

- Оваа постапка не ја покренуваме заради некаква скриена намера, туку, поради последните случувања во салата „Градски парк“ каде беше настанат прекин поради фрлање на тврди предмети, плукање и недолично однесување. Инцидентот дојде токму од трибината каде беше сместена гостинската навивачка група, а клубот беше парично казнет и натпреварот се доигра следниот ден без публика, стои во соопштението од Работнички.

По повод одлуката со реакција се јави и МЗТ Скопје од каде велат дека не се изненадени од ова решение.

- Со неверување ја примивме одлуката на Работнички за забрана за организирано присуство на навивачи на МЗТ Скопје на финалните средби кои ќе се играат во „Градски парк“. Но, ќе излажеме дека сме премногу изненадени, бидејќи бевме сигурни дека нешто ќе излезе од дебарската кујна на марифетлуци во пресрет на клучните дуели за титулата, знаејќи на што сѐ бевме сведоци изминатиов период – како расипаниот семафор и играњето во Гостивар. Со оваа одлука, господа од Центар, уште еднаш покажавте дека сте биле и дека сѐ уште сте гробари на македонската кошарка, наведуваат од МЗТ.

Првиот натпревар од финалната серија меѓу Работнички и МЗТ Скопје се игра на 20 мај (недела) во салата „Градски парк“./МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер