Работнички не дозволува гостински навивачи, МЗТ жестоко реагираше - Канал 5

Работнички не дозволува гостински навивачи, МЗТ жестоко реагираше

Управата на кошаркарскиот клуб Работнички денеска донесе одлука со која на претстојните натпревари од финалната серија на плејофот нема да прифати организирана гостинска навивачка група во салата „Градски парк“ .

Работнички не дозволува гостински навивачи, МЗТ жестоко реагираше

- Оваа постапка не ја покренуваме заради некаква скриена намера, туку, поради последните случувања во салата „Градски парк“ каде беше настанат прекин поради фрлање на тврди предмети, плукање и недолично однесување. Инцидентот дојде токму од трибината каде беше сместена гостинската навивачка група, а клубот беше парично казнет и натпреварот се доигра следниот ден без публика, стои во соопштението од Работнички.

По повод одлуката со реакција се јави и МЗТ Скопје од каде велат дека не се изненадени од ова решение.

- Со неверување ја примивме одлуката на Работнички за забрана за организирано присуство на навивачи на МЗТ Скопје на финалните средби кои ќе се играат во „Градски парк“. Но, ќе излажеме дека сме премногу изненадени, бидејќи бевме сигурни дека нешто ќе излезе од дебарската кујна на марифетлуци во пресрет на клучните дуели за титулата, знаејќи на што сѐ бевме сведоци изминатиов период – како расипаниот семафор и играњето во Гостивар. Со оваа одлука, господа од Центар, уште еднаш покажавте дека сте биле и дека сѐ уште сте гробари на македонската кошарка, наведуваат од МЗТ.

Првиот натпревар од финалната серија меѓу Работнички и МЗТ Скопје се игра на 20 мај (недела) во салата „Градски парк“./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на небото: Прозорец на авион се скрши, патниците спасувале Србин (ВИДЕО)

Вистинска драма се одвивала во петок наутро на летот на „Рајанер“ од аеродромот „Македонија“ во Солун до Минхен. Инцидентот, кој ги шокираше патниците, се случил кратко по полетувањето.

 Драма на небото: Прозорец на авион се скрши, патниците спасувале Србин (ВИДЕО)

За време на летот, се слушна силен тресок, по што еден од прозорците на авионот целосно се скрши, изјави еден од патниците за порталот „rthess.gr“.

Кабината веднаш изгубила притисок и маските за кислород биле активирани. Според очевидци, најкритичниот момент се случил кога воздухот почнал да извлекува 61-годишен српски државјанин, кој седел веднаш до скршениот прозорец, пренесува „Proto thema“.

Телото на мажот било речиси до рамената надвор од авионот, а го спасил безбедносниот појас, како и патниците кои седеле до него и го влечеле назад, велат очевидци за Радио Солун.

Пилотот веднаш го сменил курсот и побарал итно слетување, а успеал безбедно да го врати авионот на аеродромот „Македонија“ во Солун.

Според последните информации, повредениот Србин бил однесен во болница со возило на брза помош поради повреда на вратот. Лекарска помош му е укажана и на бремена жена која е префрлена во болницата „Ипократио“, каде по детален ултразвучен преглед е утврдено дека сè е во ред со неа и бебето и таа е пуштена дома, пренесува „Euronews“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓаните

Зголемена транспарентност и подобар надзор согласно европските стандарди.

МФ: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓаните

Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда.

Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на давателите на финансиски лизинг, корпоративното управување, механизмите за надзор, транспарентноста во работењето и заштитата на корисниците на финансиски лизинг. Новите правила носат појасни договори, можност за предвремена отплата без дополнителни трошоци, поголема контрола врз работењето на лизинг-компаниите и повисоки стандарди за заштита на корисниците.“

Со цел зголемување на транспарентноста и заштитата на корисниците, со измените се прецизираат задолжителните елементи што треба да ги содржи секој договор за финансиски лизинг, вклучително и сите надоместоци поврзани со лизингот. Дополнително, се овозможува договорите за финансиски лизинг да се склучуваат и во електронска форма, доколку се исполнети условите согласно прописите за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и прописите за спречување перење пари, заштита на лични податоци и други релевантни прописи.

Со измените се воведува можност корисникот на финансиски лизинг во секое време целосно или делумно да ги отплати преостанатите обврски согласно амортизацискиот план, без дополнителни трошоци. Со тоа се обезбедува и право на намалување на вкупните трошоци за преостанатиот период од договорот.

Дополнително, се зајакнува заштитата на корисниците преку прецизирање дека давателот на финансиски лизинг не може да го користи предметот на финансискиот лизинг како залог без претходна писмена согласност од корисникот. Согласноста треба да биде дадена пред нотар, во посебен документ – изјава, одвоена од договорот за финансиски лизинг и општите услови, со јасно наведување на правните последици од таквата согласност.

Давателите на финансиски лизинг ќе имаат обврска да ги објавуваат годишните финансиски извештаи, заедно со извештајот и мислењето на овластениот ревизор, на своите интернет-страници. На овој начин, физичките и правните лица како корисници на лизинг ќе имаат можност за подобар увид во работењето на друштвата за лизинг пред воспоставување деловен однос.

Со измените се зајакнува и надзорот преку унапредување на прекршочните одредби, како и финансиската стабилност на давателите на финансиски лизинг преку зголемување на минималниот износ на основната главнина од 6.000.000 на 30.000.000 денари.

Во насока на зајакнување на интегритетот на субјектите што вршат финансиски лизинг, со измените се имплементираат и препораките на MONEYVAL Комитетот при Советот на Европа во областа на спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризам. Се воведуваат критериуми за соодветност и репутација што треба да ги исполнуваат основачите и членовите на органите на управување на давателите на финансиски лизинг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Трета економија на празни фрижидери

Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. 

СДСМ: Трета економија на празни фрижидери

Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати.

Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 година.

Цените на основните производи останаа високи, а платите се меѓу најниските во Европа.

Минималната плата во Македонија е далеку под нивото на соседните земји, а просечната плата не е доволна за нормален живот.

Уште поалармантно е тоа што странските инвестиции се намалени за над 60% во однос на периодот пред доаѓањето на оваа Влада.

Наместо развој и нови работни места, имаме економска стагнација и бегство на капитал.

Мицкоски сака да зборува за „економски успеси“, но реалноста е сосема поинаква.

Македонија под негово раководство стана трета економија на празни фрижидери – земја во која се фалат со бројки, а граѓаните се борат да преживеат.

Додека криминална група ВМРО се занимава со пропаганда и селективни статистички податоци, луѓето се соочуваат со се поскап животи, ниски плати и несигурна иднина.

Ова не е успех. Ова е систематско влошување на економската и социјалната состојба кое се обидуваат да го прикријат со празни фрази.

Граѓаните не јадат инфлација. Тие го јадат од она што можат да си го дозволат. А во моментов, тоа е се помалку.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер