Меган Маркл сподели тажна вест – татко и сепак не доаѓа на кралската венчавка

На само два дена до кралската венчавка , Меган маркл објави и официјално дека татко и нема да дојде .

Иако медиумите пишуваа дека таткото на невестата , Томас Маркл не е посакуван гостин на кралската венчавка в сабота , Меркл објави дека тој нема да дојде во Лондон поради лошата здравствена состојба. Во своето прво официјално соопштение , издадено од Бакингамската палата, Меган им се заблагодари на сите на пораките со поддршка и објасни зошто татко и нема да ја испрати до олтарот.

,, За жал татко ми нема да присуствува на венчавката. Секогаш се грижев за татко ми и се надевам дека може да му се даде простор да се грижи за своето здравје. Да знаете дека Хари и јас се радуваме што со вас ќе го споделиме нашиот специјален ден во сабота.” напиша идната принцеза.

Неименуван извор од Британскиот двор на кој се повикуваат медиумите информира дека Меган се подготвува за свадбата , а со неа се мајка и и најблиските пријателки.

Најбогатиот човек на светот паднал во мрежата на искусен ловец на милијардери (ВИДЕО)

Лорен Санчез уште пред неколку години, кога прв пат го запознала ,  рекла дека и треба маж токму како Џеф Безос.

Излегуваат на површина се повеќе информации како ТВ водителката Лорен Санчез успеала да го улови најбогатиот маж на светот , сопственикот на Амзан , Џеф Безос .

Таа е снимена како со хеликоптер слетува на аеродромот во Калифорнија. Очигледно , 49 годишната Лорен не е загрижена за информациите дека неколку години го ловела Безос и неговото богатство проценето на 140 милијарди долари , и тоа додека била мажена за холивудскиот магнат Патрик Вајтсел.

,,Тоа е маж што ми треба” , изјавила Лорен откако пред неколку години заедно со сопругот го запознала Безос во Сиетл. Таа од секогаш сакала богати мажи , зашто многу трошела , тврдат нејзините поранешни пријателки .

Знаела да потроши и 12 000 долари во еден ден и тоа само на чевли. И рекла на пријателката дека мажот и го има смотано околу малиот прст и дека ништо не и забранува.

Очигледно , тоа било малку зашто минатата недела Безос објави дека се разведува со сопругата по 25 години брак . Причина за разводот е токму Лорен , со која веќе извесно време биле во љубовна врска , иако и Лорен е мажена.

Тврдеше дека знае како Русите му помогнале на Трамп ,а сега е окована во синџири на Тајланд

Манекенка од Белорусија , која тврдеше дека има докази како Русите му помогнале на Доналд Трамп да стане претседател , денеска се појави во синџири на суд во Тајланд , зашто држела ,,курсеви по секс”.

Анастасија Вашукевич , позната како ,,Настја Рибка” е во притовр од минатиот февруари по апсењето во рација во туристичкото место Патаја на Тајланд. Таа се ртовари за седум кривични дела , меѓу кои и проституција.

Рибка отпатувала на Тајланд по скандалот со рускиот алуминиумски милијардер Олег Дерипаска , поранешен соработник на некогашниот водител на кампањата на Трамп, Пол Манафорт. Манекенката во необичен исказ кажа низа детали за вмешаноста на Кремљ во претседателските избори во САД.

Но , бидејќи немаше докази , нејзиното тврдење беше прикажано како забава за јавноста.

Полицијата на Тајланд , откако ја уапси манекенката тврди дека таа и нејзиниот гуру , Русинот Алекс Кирилов , прекршиле неколку закони за пристојно однесување. Кирилов , пак тврди дека некој наредил апсење на Рибка , а смета дека тоа е Вашингтон.

Таа напишала и книга за заведување милијардери , па за тоа има проблем и со руските закони и се плаши од депортирање во Русија.

Дерипаска лани доби судски спор против Рибка поради нарушување на приватност , зашто таа објавила видео во кое се гледа како Дерипаска се дружи со потпретседателот на руската влада, Сергеј Прихотка.

Вооружена банда напаѓа со мачети беспомошен човек (Вознемирувачко видео)

Денеска на социјалните мрежи се појави видео од страшен инцидент што се случил во четвортокот во британскиот град Ливерпул.

Маж беше исечен со мачети и ножеви пред трговски центар во Ливерпул од вооружена банда . На видеото се гледа како три лица со маски излегуваат од возило и го напаѓаат и го сечат човекот.

Се слушаат и извици на неговата сестра , која бара помош. Нападот трае околу 20 секунди , а потоа напаѓачите бегаат и по пат и ја повредуваат раката на сестрата на нападнатиот. Двајцата се однесени во болница и се во стабилна состојба.

Полицијата трага по напаѓачите. На социјалните мрежи е споделено видеото за да се јават лица , кои може да ги препознаат.

притисни ентер