Заев и Ципрас во Софија ќе бараат решение за името

 Потврда на досега договореното, поддршка за продолжување на процесот, како и обиди за приближување на позициите во однос на спорните прашања.

Опсегот на употреба и измените на македонскиот Устав се очекува од денешната средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, јави известувачот на МИА од Софија.

Во фокусот на вниманието на македонската и грчката јавност денеска е тет-а-тет средбата на двајцата премиери, која ќе се одржи на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

Заев и Ципрас, како што е најавено треба да се сретнат во 10:30 часот по бугарско време.

Средбата меѓу премиерите Заев и Ципрас изминатите денови се најавуваше како клучна во процесот на решавање на спорот за името. Последните изјави, и од македонската, и од грчката страна, сепак, се проткаени со воздржаност дека токму оваа средба ќе вроди со конечен договор за името.

- Сакам договор за мојата земја, оптимист сум и еден од првите луѓе кој го сака тоа, но не можам да кажам дека имаме договор за прашањето за името, изјави Заев пред заминувањето за Софија.

Направен е напредок, но има уште пат да се изоди, напиша вчера грчкиот премиер на Твитер во однос на преговорите за името, објавувајќи фотографии од подготвителниот Самит на партијата на европските социјалисти во Софија, во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој присуствуваше и македонскиот премиер Заев.

- На Самитот на Партијата на европските социјалисти, лидерите ги поздравија досегашните наши напори за да најдеме заемно прифатливо решение за името. Истакнаа дека само прогресивни лидери би можеле да го постигнат тоа. Им се заблагодарив, признав дека се направени многу чекори на напредок, но има уште пат да се изоди. Последните метри се секогаш најтешки, напиша Алексис Ципрас на официјалниот Твитер профил на премиерот на Грција, во двата твита.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денешната средба ја оцени како исчекор кон конечно решение.

- Во однос на утрешната средба на премиерите Заев и Ципрас премиерот Заев вчера јавно кажа оти е премногу рано да се очекува такво нешто, но мислам дека оваа средба е исчекор кон конечно решение, рече Бошњаковски вчера на прес-конференција.

Според грчката страна двете преостанати прашања за решавање во процесот на преговорите за името се ерга омнес и ревизија на Уставот.

Тие, како што изјави вчера, aлтернатвниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, се од суштинско значење за Грција, а другата страна треба да направи отстапки.

- Станува збор за прашања што не се мали, за кои Скопје, за сега инсистира. Топката е на нивниот терен, вели Катругалос, додавајќи дека овие две прашања за Грција се од суштинско значење и предуслов за да постои решение и порачува дека „другата страна треба да ја направи неопходната отстапка“.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за грчкиот весник „Та неа“, вчера изрази убеденост дека може да се постигне решение за името и оценува дека во Софија нема да биде одлучувачката точка за тоа дали ќе има решение, туку тоа што е важно во овој процес е квалитетот на договорот.

- Со оглед на напорите што ги вложија двете страни со посредство на претставникот на ОН, Метју Нимиц, убеден сум дека може да се најде решение. Дали тоа ќе се случи уште во Софија не е одлучувачката точка, тоа што е важно е квалитетот на договорот. Доколку е изводливо во Софија, ќе биде уште подобро. Но, најважна е одлучноста на двајцата лидери да стигнат до компромис прифатлив за двете земји. Решението не е добро само за Поранешната Југословенска Република Македонија, туку и за целиот регион, вели Хан.

А домаќинот на Самитот бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера изрази надеж дека што е можно поскоро ќе се реши спорот со името меѓу Македонија и Грција.

Борисов ова го изјави еден ден пред официјалниот почеток на Самитот ЕУ-Западен Балкан како и ден пред новата тет-а-тет средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, јави известувачот на МИА од Софија.

- Се надеваме дека конечно ќе се реши спорот со името на Македонија. Тоа е ваша работа. Ние само се надеваме, немојте да помислите дека ви солиме памет, рече Борисов на конференцијата „Дијалог со Западен Балкан: создавање на регион на раст, безбедност и поврзаност на патот кон Европа, која се одржа вчера.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер