По крвавиот понеделник во појасот Газа за денеска закажани нови протести

Денеска на палестинските територии во источен Ерусалим ќе има генерален штрајк. 

По вчерашните крвави судири на границата на појасот Газа и Израел во кој загинаа десетици Палестинци, почнаа трите дена жалост.

Палестинските власти побараа итна седница на Советот за безбедност на ОН. Свеченото отворање на американската амбасада во Ерусалим, односно нејзиното префрлање од Тел Авив, се случи на денот на одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Израел.

Сите палестински политички фракции за денеска напладне повикаа на нови протести кај израелските армиски контролни пунктови во западниот брег.

Се стравува од нови конфронтации со израелските војници.

Во вчерашните крвави судири во појасот Газа загинаа 59 Палестинци а над 2.000 беа повредени. Протестите беа насочени против преместувањето на американската амбасада во Ерусалим, како и против десетгодишната блокада на појасот Газа од страна на Израел и Египет.

Израел го обвинува Хамас, кој владее во појасот Газа, дека цинично злоупотребува цивили како штит во конфликтот. Многу земји ги осудија постапките на Израел.

Ковачевски во телефонски разговор со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговараше со Советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот и рече дека високо ја цени поддршка и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата.

Исто така го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет кои за нас немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет, се наведува во соопштението од Владата..

САД ѝ праќаат на Украина ракетни системи, со кои ги бранат Белата куќа и Конгресот (ВИДЕО)

САД денеска официјално објавија дека на Украина ќе ѝ испратат нов пакет воена помош. Станува збор за оружје вредно 820 милиони долари.

Новиот пакет воена помош ќе вклучува ракети земја-воздух и противартилериски радари, кои би требало да ѝ помогнат на Украина поуспешно да се справи со руските удари со долг дострел, кои во последно време стануваат сѐ почести.

Пентагон објави и дека во Украина ќе испрати околу 150.000 парчиња артилериска муниција.

Ова е 14-ти американски пакет воена помош за Украина од август 2021 година. Севкупно, Америка за Украина обезбедила оружје и обука во вредност од 8,8 милијарди долари.

Како дел од новиот пакет воена помош, САД ќе купат два системи од типот НАСАМС од Норвешка. Станува збор за системи за противвоздушна одбрана кои се користат за заштита на воздушниот простор околу Белата куќа и зградата на Конгресот во Вашингтон.

Пентагон, исто така, најави дека ќе испрати повеќе муниција во Украина за модерните повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS, кои првпат беа испратени минатиот месец.

ФИФА ја полни касата со пари што ќе им ги одзема на криминалците

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе добие дополнителни 92 милиони долари како компензација за загубите предизвикани од корупциски скандали во последните години, одлучи американското Министерство за правда.

Во август минатата година, судот веќе донесе одлука да ѝ плати 201 милион долари на ФИФА, а тие пари ќе бидат земени од луѓе кои биле вмешани во корупциски скандали, од кои повеќе од 50, меѓу кои и поранешни челници на Северноамериканската фудбалска асоцијација. (КОНКАКАФ) и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

„Во таа корупциска шема во игра беа големи суми пари. Парите што ќе им бидат одземени на криминалците ќе бидат наменети за развој на женскиот фудбал“, најави помошникот директор на ФБИ во Њујорк, Мајкл Дрискол.

притисни ентер