Во Софија отворена 11. Македонска книжевна визита

Во присуство на истакнати македонски и бугарски поети, вечерва во салонот на Македонскиот културно-информативен центар  во Софија беше отворена 11. Македонска книжевна визита .

Директорот на МКИЦ Сашко Насев отворајќи ја манифестацијата која е во организација на книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, го истакна значењето на поезијата и задоволството првпат да биде дел од овој настан со 11-годишна традиција

- Јас потекнувам од таа естетичка школа која мисли дека медицината е совршена наука, а поезијата е совршена уметност, затоа што и поезијата и медицината се оние кои што го слават животот, рече Насев.

Македонскиот амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев, како што јави известувачот на МИА, од своја страна укажа на значењето на мисијата на Македонската книжевна визита.

- Макавеј со помош на македонските и бугарските поети прават мост меѓу два брега, меѓу една река која што тече и не обединува. Некогаш брегот навалува на едната страна, некогаш на другата, но реката е една и иста, тече и сите нас не носи кон она што претствува наша заедничка иднина, рече Ѓорчев.

Пред софиската публика Визитата го претстави книжевниот портрет на современиот македонски поет, прозаист и публицист Трајан Петровски. За неговото поетско творештво говореа македонскиот поет и литературен критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот поет и преведувач Димитар Христов.

- Книжевниот профил на Петровски повеќе од половина столетие се ополнозначува во современата македонска литература. Тој е високо рангиран и трајно етаблиран романсиер, поет и раскажувач. Неговиот поетски говор веќе има освоено и заслужено високо место во македонската лирска фаланга, рече Цветкоски.

Христов, пак, нагласи дека Петровски е личност со богата биографија – житиска и творечка, чија дипломатска служба му овозможила исклучителна мисија на писател и човек кој работи за својата литература без да ја потценува локалната литература и локалните творци во државите каде служел, а тоа се однесува и на неговата работа на зближување меѓу Македонија и Бугарија.

На поетската вечер со избор свои стихови се претставија дваесетина истакнати македонски и бугарски поети: Петар Караангов, Трајан Петровски, Поли Муканова, Милован Стефановски, Димитар Христов, Бранко Цветкоски, Роман Кисјов, Наташа Сарџовска, Владимир Левчев, Маја Апостоловска, Николај Шопов, Данило Коцевски, Владимир Луков, Смиле Наумовски, Патар Андасаров, Митко Гогов, Надја Попова и Душко Крстевски./МИА

Фото: Екс шампионка на Вимблдон ќе заработува со провокативни фотки!!

Од шампионка на Вимблдон до сајт за возрасни!

Поранешната руска тенисерка Софија Жук отвори профил на платформата „Onlyfans“, каде планира да заработува со прикачување на своите жешки фотографии.

Пред осум години атрактивната Софија многумина ја споредуваа со нејзината многу попозната и трофејна сонародничка Марија Шарапова.

Софија Жук стана јуниорска шампионка на Вимблдон во 2015 година, победувајќи ја сонародничката Ана Блинкова со 7:5, 6:4 во битката за трофејот.

Тогаш имаше само 16 години, познавачите на белиот спорт и предвидуваа голема кариера и ја споредија со славната Марија Шарапова и по талент и по убавина.

Но потоа убавата тенисерка започна често да се повредува , имаше огромни проблеми со грбот, поради што беше принудена да ја заврши кариерата многу рано уште во 2019 година.

- На моето тело му требаше одмор. Мојата состојба беше толку лоша што дури и лекарите не сакаа да ме лекуваат. Грбот ми се чувствуваше како да имам 60 години - изјавила Софија.

Имаше само 20 години кога ја заврши кариерата во тенисот, најдобриот пласман во сениорска конкуренција и беше 116-то место, а во кариерата од белиот спорт заработи околу 400.000 долари. Сега Софија одлучи да живее само од убавина и да им наплаќа на фановите за своите фотографии.

- Се занимавам со манекенство, но сакам да се занимавам и со нешто друго на страна. Дојде моментот што го чекавте. Отворив сметка на „Onlyfans“ – открила Жукова.

Сепак, една работа никогаш нема да ја направи. Нема намера да се сликате целосно голи.

„Flightradar“ во еден ден следен рекордни над 250 000 летови

„Flightradar“ сними неверојатна сцена на небото.

Интернет сервисот „Flightradar“ кој служи за следење на авионите во реално време преку нивните транспондери ADS-B, се пофали со рекордот.

Имено, минатиот четврток тие следеле вкупно 251.829 летови, што е првпат да забележат повеќе од 250.000 летови во еден ден.

Бидејќи на северната хемисфера започна летната туристичка сезона, се очекува наскоро овој рекорд повторно да биде соборен.

Голем број твитерџии која ја видела објавата на „Flightradar“ забележале „дупка“ на територијата на Украина, каде поради воени операции нема прелети на цивилни авиони.

Украина целосно го затвори својот воздушен простор за цивилни авиони на 24 февруари 2022 година, денот кога започна нападот на Русија, а повремено се зборуваше во јавноста дека некои цивилни летови може да бидат обновени, што не се случи.

Лудост-Жени се молат пред голема златна вагина, а мажите пред олтарот со голем пенис!

Контроверзни олтари за молитва на верници во Тајланд. Се молат пред златни вагина и пенис?!

Верниците во еден будистичкиот храм во провинцијата Након Рачасима во Тајланд се молат пред џиновската златна вагина.

Како што олтарот со огромната вагина добиваше голема популарност, верниците изградиле и олтар со голем пенис во храмот.

Мажи, будистички верници, сега доаѓаат во храмот за да се молат.

Големата вагина на олтарот е изработена од злато, а околу неа има осум мали женски полови органи, исто така од злато.

Секој ден жените клечат и се молат за плодност, среќа и да најдат маж, пред олтар висок 1,2 метри на женски полов орган.

Сместено е под дрво манго, а до него е змија со седум глави, која го „чува“ светиот женски полов орган. Големата вагина ја направила будистичката калуѓерка Наовараткочапорн Симетавонг, т.е. Мајка Брамин, со цел да ги прочисти жените од лошата среќа предизвикана од сторените гревови.

- Тука правиме церемонии за правење лекови за несреќните жени, особено оние кои абортирале. Мислам дека треба да ги почитуваме гениталиите бидејќи тие го претставуваат потеклото на животот и изобилството во светот. Не е ништо чудно, ниту необично – изјавила мајката Браман.

Откако е поставен олтарот со вагината, верниците постојано доаѓаат да и се молат. Секоја посета се наплаќа по околу 14 евра.

Многу брзо олтарот со огромна вагина добил голема популарност, по што храмот со помош на верниците изградил и олтар со голем пенис во ова будистичко светилиште.

На него има релјеф на машкиот полов орган во злато, а околу него осум мали пениси, исто така во злато. Мажи, будистички верници, сега доаѓаат кај олтарот да се молат.

притисни ентер