Тошевски: Понуда од Вардар не се одбива

Македонскиот репрезентативец Кристијан Тошевски од вчера и официјално е нов играч на Вардар. Тој вели дека не можел да ја одбие понудата од актуелниот македонски шампион и најтрофеен фудбалски клуб во нашата земја.

- Од понудите услови сум задоволен, и кога ми стигна понудата, воопшто не размислував. Ја прифатив, и ете сега сум дел од Вардар, од клубот број еден во Македонија. Секој играч во Македонија, посакува да игра за овој тим, и едвај чекам да почнам да играм во нашиот најдобар клуб, изјави Тошевски за клупскиот сајт.

Верува дека Вардар има сили да стигне до трофеј и оваа сезона.

- Се надевам прво да ја оправдам довербата која ми ја укажа стручниот штаб и раководството на екипата. Посакувам и ќе дадам се од себе тимот да ја одбрани титулата шампион, а и во Купот да го освоиме пехарот. Зошто да не, мислам дека Вардар има квалитет да дојде до двојна круна, нагласува екс фудбалерот на Пелистер. 

СП 2018: Се запали авионот на Саудиска Арабија

Авион во кој се наоѓаше експедицијата на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија се запали на нивното патување кон Ростов.

Пламен се појави на едно крило, но за среќа авионот слета безбедно во Ростов и трагедијата беше избегната. Огнот беше предизвикан од технички проблем со моторот на рускиот Ербас.

Од раководството на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија потврдија дека никој не е повреден и дека фудбалерите и стручниот штаб се безбедни.

- Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да ве увери дека членовите на репрезентацијата се апсолутно безбедни по малиот дефект на моторот на авионот, се вели во соопштението.  /МИА

СП 2018: Кејн во финишот и донесе победа на Англија против Тунис

 Англија со гол во судиското надополнување го совлада Тунис со 2:1 во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англичаните во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога и доминираа на теренот, при тоа имаа неколку сериозни шанси за погодок.

Англија со голот на Хари Кејн во 18-та минута поведе со 1:0. Меѓутоа, Тунис иако потешко доаѓаше до контрола на топката успеа во 35 минута со гол од пенал, кој успешно го реализираше Ферјани Саси, да израмни на 1:1.

Англиската репрезентација и во вториот дел продолжи со притисокот врз голот на Тунис, но изостануваше реализација се до 91-та минута кога Кејн повторно беше прецизен и донесе победа од 2:1.

Во првиот натпревар од оваа група Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0. 

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

притисни ентер