Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)

Австријката Корнелија Хитер е победничка на спустот од Светскиот куп возен синоќа по средноевропско време во канадскиот скијачки центар Лејк Луиз.
Времето на победничката е 1:48.53 минути. За Хитер ова е втора победа во нејзината кариера.

На второто место се пласира Тина Вајрајтер од Лихтенштајн која заостана девет стотинки, а на победничкиот подиум се искачи и трето пласираната Микела Шифрин (САД).

Трката ја одбележа и излетувањето на поранешната освојувачка на кристалниот глобус Линдзи Вон која заврши во заштитните огради, иако на контролата на петнаесетина секунди пред крајот на трката имаше најдобро време.

Во пријателски натпревар „Пирин" Благоевград подобар од ФК „Каменица Саса"

Во пријателска средба одиграна на стадионот Христо Ботев во Благоевград, екипата на „Каменица Саса" загуби од домашната екипа на Пирин со 2:0.

Головите на натпреварот беа постигнати во второто полувреме кога домаќините беа понадмоќни од гостите од М.Каменица.

Стрелец на првиот погодок за домашната екипа беше поранешниот играч на Арсенал, Колин Хендерсон кој постигна ефектен погодок од 30-35 метри во 55 минута од натпреварот. Победата ја потврди В’лчанов петнаесет минути пред крај на средбата./МИА

Унгарците го отворија спектакуларниот стадион во Будимпешта (ВИДЕО)

Со пријателски натпревар меѓу Унгарија и Уругвај во Будимпешта е отворен новиот стадион, „Пушкаш Арената“ со капацитет од 68.000 гледачи.

Стадионот, кој има најголем рејтинг со четири sвездички од  УЕФА, беше распродаден и натпреварот заврши со победа од 2-1 на гостите . Головите за Уругвај ги постигнаа Единсон Кавани (15 мин) и Брајан Родригез (21 мин), додека голот за Унгарија го постигна Адам Шалаи (24 мин).

Изградбата на „Пушкаш Арената“ чинеше неверојатни 620 милиони евра, двојно повеќе од проценетата цена.

Стадионот е изграден на местото на стариот Непстадион, кој беше отворен во 1953 година и беше целосно срушен пред три години. Пушкаш Арена е именувана по најдобриот унгарски фудбалер на сите времиња, Ференц Пушкаш.

Интересно е што почетниот удар го изведе 93-годишниот Никита Симонјан, кој исто така го отвори Непстадион во 1953 година на натпревар помеѓу Хонведо и Спартак Москва.

Претстојното Европско првенство во фудбал во 2020 година ќе има четири натпревари на „Пушкаш Арената“ - три во групната фаза и еден дуел во осмина финалето.

Унгарската репрезентација во вторник ја чека последното коло од квалификациите за ЕУРО 2020, на гостувањето во Кардиф против Велс .

Жељко Обрадовиќ со пцуење и навреди кон своите играчи (ВИДЕО)

Фенербахче во 8. коло на Европлигата загуби на гости од ЦСКА со 88: 70 и има лош вкупен резултат 2-6.

Тимот предводен од Жељко Обрадовиќ играше изедначено во првото полувреме, но се распадна доцна во третата и последната четвртина. Легендарниот српски тренер, познат по својот темперамент, не издржа најдобро на паузата на своите кошаркари , па во еден момент тој целосно го загуби темпераментот и ги навредуваше сите.

„Мислите дека сте добри момци, нели? Е...те се сите! Е..те се ! ОК? Сакате да ве повторам милион пати? Е.. се  Џиџи Датом! Срами се! И ти Махмутоглу исто !„ викаше Обрадовиќ на  своите играчи.

притисни ентер