Второ џип рели „Македонски трофеј“

На полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово и во околината на Прилеп денеска и утре ќе биде одржан меѓународниот рели натпревар со џипови насловен „Македонски трфеј“.
Организатор на оваа единствена од ваков вид манифестација која  се одржува по втор пат е клуб от „Оff road Prilep“, а покровител општина Прилеп.

Според претседателот на клубот Панче Чупаркоски, на релито учествуваат околу 200 натпреварувачи  од Бугарија, Србија, Албанија, Косово и Македонија кои ќе ги покажат своите вештини.

- Учесниците изутринава со џиповие се собраа во центарот на Прилеп и по пригодното отворање на манифестацијата се упатуваат на полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово од каде околу 11 часот ќе почне денешниот натпревар. Денеска се возат 30 километри преку селото Селце и месноста Шаторов камен. Се возат три категории (трофи, адвенчр и туристичка категорија). Утре учесниците се натпреваруваат на полигонот кај Старо Лагово и возат четири километри. Оваа е единствена манифестација од ваков вид кај нас, вели Чупаркоски. /МИА

Бабунски: Со верба во себе можеме да бидеме успешни со Пјуник

Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски ги искажа своите први импресии после вчерашната ждрепка во УЕФА која го додели Пјуник за противник на „црвено-црните“ во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

- Нема слаби противници, знаејќи го квалитетот на ерменските интернационалци Хамбарџумјан и на Барсегјан кои беа и се главни играчи во Вардар, нашиот противник сигурно ќе го има нашиот респект. Треба да ја гледаме нашата игра и идеја која ја спроведуваме на овие подготовки, и потоа да ја играме на двата натпревари. Од играчите ќе барам да бидат максимално подготвени, и да веруваат во своите квалитети како би ја минале првата пречка во Европа, вели Бабунски во изјавата за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Вардар на првиот дуел ќе гостува во Ерменија на 12 јули во Ереван, седум дена подоцна е реваншот во Скопје.

Емре Џан на медицински тестови во Торино пред потпишување на договор со Јувентус

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус објави на Твитер дека играчот од средниот ред Емре Џан допатувал во Торино.

Се очекува за многу скоро време 24-годишниот германски фудбалер да потпише договор со „Старата дама“.

Последниот клуб на Џан беше Ливерпул. Тој за „црвените“ играше во периодот 2014-2018 година. Од почетокот на овој месец го напушти „Енфилд“ како слободен агент. 

Здружението на кошаркари дава поддршка на предлогот за намалувањето на бројот на странски играчи

Здружение на кошаркарски играчи изразува целосна поддршка на финалниот предлог на Македонската кошаркарска федерација во однос на намалувањето на бројот на странски играчи.

МКФ предложи намалување на странците од шест на четири со задолжителен настап на тројца Македонци во игра за следната сезона во Македонската кошаркарска прва лига.

- Сметаме дека раководството на Федерацијата презема еден важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари, како и на македонската кошарката во целост. Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори кои според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Ваквите промени, се надеваме дека ќе ги поттикне Прволигашите да почнат посериозно да инвестираат во младите играчи, и ќе превземаат низа мерки како би го олесниле процесот на нивно усовршување и спортски напредок, се вели во соопштението на Здружението на македонски кошаркари. 

притисни ентер