Трета победа за Хрватска и за Русија на ЕП во кошарка

Кошаркарите на Хрватска и на Русија ја остварија и третата победа на Евробаскетот откако попладнево постигнаа победи во натпреварите од 3.коло против Црна Гора односно Белгија.

На дуелот во Клуж Хрватска водеше во текот на целиот натпревар против Црна Гораи стигна до победата, додека Русите ги добија минимално сите четири периоди во дуелот со Белгија.

Двојки 3. коло Ц група: Унгарија - Чешка 85:73 и Црна Гора - Хрватска 72:76. Вечерва од 19:30 часот играат Шпанија и Романија.

Табела: Хрватска 3-0, Шпанија 2-0, Унгарија 1-2, Чешка 1-2, Црна Гора 1-2, Романија 0-2.

Двојки 3. коло Д група: Белгија - Русија 67:76, Летонија - Велика Британија 97:92. Вечерва од 20 часот играат Србија и Турција.

Табела: Русија 3-0, Летонија 2-1, Белгија 1-2, Турција 1-1, Србија 1-1, Велика Британија 0-3.

Утре се играат натпреварите од 4.коло во сите четири групи на Европското првенство во кошарка. /МИА

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

притисни ентер