Спортинг Хихон ја напушта Примера, а Реал и Барселона се борат на шампионската титула

Екипата на Спортинг Хихон која синоќа одигра нерешено во дуелот со Бетис е третиот тим кој покрај Гранада и Осасуна следната сезона нема да игра во шпанската Примера лига.
Спортинг и Бетис одиграа 2-2 во едн од четирите натпревари одиграни синоќа во последното 38.коло, додека на останатите беа постигнати овие резултати: Леганес – Алавез 1-1, Депортиво Ла Коруња - Лас Палмас 3-0 и Севиља – Осасуна 5-0.

Денеска ќе се играат и последните пет средби од оваа сезона.

Од 16 часот и 45 минути по дуелите: Атлетико Мадрид - Атлетик Билбао, Селта Виго – Сосиедад и Валенсија – Виљареал, ќе биде познато кои две екипи ќе се пласираат во Лига Европа, а во конкуренција се Виљареал, Атлетик Билбао и Сосиедад.

Сепак, најголемо внимание ќе привлечат последните два меча закажани за 20.00 часот во кој Реал гостува кај Малага, а Барселона го пречекува Еибар, по што ќе се знае кој ќе ја освои шампионската титула.

Табела: Реал Мадрид 90, Барселона 87, Атлетико Мадрид 75, Севиља 72, Виљареал 64, Атлетик Билбао 62, Сосиедад 62,... Спортинг Хохон 31, Осасуна 22 и Гранада 20.

СП 2018: Кејн во финишот и донесе победа на Англија против Тунис

 Англија со гол во судиското надополнување го совлада Тунис со 2:1 во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англичаните во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога и доминираа на теренот, при тоа имаа неколку сериозни шанси за погодок.

Англија со голот на Хари Кејн во 18-та минута поведе со 1:0. Меѓутоа, Тунис иако потешко доаѓаше до контрола на топката успеа во 35 минута со гол од пенал, кој успешно го реализираше Ферјани Саси, да израмни на 1:1.

Англиската репрезентација и во вториот дел продолжи со притисокот врз голот на Тунис, но изостануваше реализација се до 91-та минута кога Кејн повторно беше прецизен и донесе победа од 2:1.

Во првиот натпревар од оваа група Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0. 

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

СП 2018: Јеро: Имаме целосна доверба во Де Геа

Селекторот на шпанската репрезентација Фернандо Јеро изјави дека голманот Давид де Геа е смирен и сталожен по натпреварот со Португалија, во кој направи неколку грешки и прими три гола од португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Соседското дерби меѓу Шпанија и Португалија заврши со реми 3:3.

- Забележав дека Давид е смирен и сталожен. Во него сите имаме целосна доверба. Тимот имаше еден слободен ден и морам да кажам дека играчите се поопуштени, истакна Јеро.

Шпанија следниот натпревар го игра на 20 јуни против Иран. /МИА

притисни ентер