Меџик Џонсон назначен за нов претседател на ЛА Лејкерси

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкес, Ирвин Меџик Џонсон е назначен за нов претседател на „езерџиите“.

Откако пред само три седмици легендарниот кошаркар се врати во „Степлс Центарот“ како советник, сега Џонсон е назначен за претседател за кошаркарски операции, заменувајќи ги дологгодишниот генерален менаџер Мич Капчак и извршниот потпретседател Џим Бас, синот на поранешниот сопственик Џери Бас.

- Донесов неколку важни одлуки што се надевам дека ќе придонесат за враќање на „лејкерси“ на местото на кое припаѓаат и сакаат да ги видат нашите навивачи. Ирвин Џонсон ќе биде одговорен за кошаркарски операции и ќе ми одговара директно мене. Во тек е потрага за нов генерален менаџер што ќе соработува со Џонсон и тренерот Волтон. Се надевам дека наскоро ќе имаме негова промоција, изјави Џини Бас, косопственичка на Лејкерс.

Популарниот Меџик веќе има искуство во спортскиот бизнис. По крајот на кариерата тој остана во близина на Лејкерс, а во меѓувреме имаше удел во сопственоста на безбол тимот Лос Анџелес Доџерс, женскиот кошаркарски тим Лос Анџелес Спаркс, како и на идниот фудбалски тим од МЛС лигата, кој ќе биде базиран во Лос Анџелес.

- За мене е остварување на сонот да се вратам во Лејкерс како претседател за кошаркарски операции, каде што ќе соработувам со семејството Бас. Од 1979 година сум член на нацијата на Лејкерс и сега ќе направам се што можам да го вратам победничкиот менталнитет, изјави Џонсон.

Ваквата одлука доаѓа во моменти кога тимот на Лејкерс има очаен скор од само 19 победи и дури 39 порази, што е една од најлошите сезони на тимот од Лос Анџелес во неговата историја.

ЛА Лејкерс е 16-кратен шампиони на НБА, но не учествувал во плеј-офот од 2013 година, а последната титула на клубот датира од 2010 година. 

Фото: Европскиот шампион Вардар пристигна во Келн

Ракометарите на Вардар денеска пристигнаа во Келн каде викендов ќе ги играат натпреварите на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Вардарци кои ќе ја бранат титулата се првиот тим што пристигна во германскиот град. Доаѓањето на другите три полуфиналисти, сите се од Франција, е најавено за попладне.

За денеска планиран е и првиот тренинг, пред саботниот полуфинален меч со Монпеље.

Македонскиот шампион се надева дека ќе биде првиот тим што ќе го одбрани шампионскиот трофеј во ЛШ.

Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер.

Фудбалскиот стручњак потпиша тригодишен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.

Претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис пред неколку часа соопшти дека ја прекинале соработката со тренерот Маурицио Сари.

Анчелоти претходно беше тренер на Парма, Милан, Јувентус, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ и последно во Баерн Минхен. За него ова ќе биде прво враќање во Серија А по девет години.

Наполи заврши на второто место во Серија А  и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите./МИА

Леконт: Ѓоковиќ веднаш требаше да го оперира лактот

Поранешниот француски тенисер Анри Леконт изјави дека проблемот на Новак Ѓоковиќ е од ментална природа и се забележува дека не ужива на теренот. 

Според Леконт, најдобриот српски тенисер донел лоша одлука кога станува збор за неговото лечење и веднаш требало да замине на операција на лактот.

- Проблемот на Ѓоковиќ е од ментална природа. Мора да бидете решителни и да уживате во процесот на враќање. Се сомневам дека тој ужива на теренот, а треба да верува и да си докаже на себеси дека тоа е можно. Тој е одличен играч и мора повторно да освојува големи натпревари, но факт е дека не се врати на вистинскиот начин, потенцира поранешниот француски тенисер.

Според него за Ѓоковиќ не би било добро повторно да соработува со Борис Бекер.

- Најголемата грешка на Ѓоковиќ беше тоа што премногу долго ја одложуваше операцијата  на лактот, истакна Леконт.

Ѓоковиќ по тешкиот старт во 2018 година и по разочарувачките резултати, конечно на турнирот во Рим почна да игра на повисоко ниво, но се уште далеку од неговите најдобри периоди./МИА

притисни ентер