НБАМеџик Џонсон назначен за нов претседател на ЛА ЛејкерсиЛегендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкес, Ирвин Меџик Џонсон е назначен за нов претседател на „езерџиите“. Откако пред само три седмици легендарниот кошаркар се врати во „Степлс Центарот“ како советник, сега Џонсон е назначен за претседател за кошаркарски операции, заменувајќи ги дологгодишниот генерален менаџер Мич Капчак и извршниот потпретседател Џим Бас, синот на поранешниот сопственик Џери Бас. - Донесов неколку важни одлуки што се надевам дека ќе придонесат за враќање на „лејкерси“ на местото на кое припаѓаат и сакаат да ги видат нашите навивачи. Ирвин Џонсон ќе биде одговорен за кошаркарски операции и ќе ми одговара директно мене. Во тек е потрага за нов генерален менаџер што ќе соработува со Џонсон и тренерот Волтон. Се надевам дека наскоро ќе имаме негова промоција, изјави Џини Бас, косопственичка на Лејкерс. Популарниот Меџик веќе има искуство во спортскиот бизнис. По крајот на кариерата тој остана во близина на Лејкерс, а во меѓувреме имаше удел во сопственоста на безбол тимот Лос Анџелес Доџерс, женскиот кошаркарски тим Лос Анџелес Спаркс, како и на идниот фудбалски тим од МЛС лигата, кој ќе биде базиран во Лос Анџелес. - За мене е остварување на сонот да се вратам во Лејкерс како претседател за кошаркарски операции, каде што ќе соработувам со семејството Бас. Од 1979 година сум член на нацијата на Лејкерс и сега ќе направам се што можам да го вратам победничкиот менталнитет, изјави Џонсон. Ваквата одлука доаѓа во моменти кога тимот на Лејкерс има очаен скор од само 19 победи и дури 39 порази, што е една од најлошите сезони на тимот од Лос Анџелес во неговата историја. ЛА Лејкерс е 16-кратен шампиони на НБА, но не учествувал во плеј-офот од 2013 година, а последната титула на клубот датира од 2010 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: „Путин, дали прифаќаш?“Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот. „Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски. Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став. „Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски. Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
АвтомобилизамКлучна одлука за автомобилите во ЕУ: Брисел дефинира кој може да ја носи ознаката „Made in Europe “Европската унија утврдува што се смета за европски автомобил или компонента.Во Европската унија се водат важни дискусии за идните критериуми за ознаката „ Made in Europe “, одлуката што ќе произлезе од нив би можела значително да влијае врз автомобилската индустрија и конкуренцијата од Кина. Се разгледуваат правила што би им дале предност на европските производи во јавните набавки и во програмите за државна поддршка за стратешките сектори. Клучно прашање е прецизното дефинирање на тоа кога еден автомобил или негова компонента се квалификуваат како европски производ. Исто така, од особена важност е да се утврдат условите под кои производите и деловите од трети земји би можеле да го добијат истиот статус, пренесува „Revija HAK“. Според информативниот портал „Contexte“, предвидено е „Coreper I“ – Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ – да расправа за оваа тема на 7 октомври. ЕУ се соочува со дилема: правилата треба да го поттикнат производството во рамките на Унијата без притоа да ги загрозат меѓународните синџири на снабдување или обврските кон трговските партнери. Последиците за купувачите на автомобили остануваат нејасни. Поширока дефиниција за „ Made in Europe “ би им овозможила на автомобилите со поголем удел на компоненти од партнерски земји да го задржат пристапот до европските програми за поддршка и договорите за јавни набавки. Од друга страна, построгите правила дополнително би го фаворизирале производството лоцирано во ЕУ. Конечната одлука би можела да има долгорочни последици врз потеклото, достапноста и цената на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар. Извор: Б92Тагови: автомобили ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
БалканВучиќ во кампања за предвремените парламентарни избори на 25 октомвриВучиќ –кој е носителот на листата „Александар Вучиќ – обединета Србија“ изјавил дека во Загреб, Подгорица, Сараево и Приштина со голем жар посакуваат соборување и промена на актуелната власт во Србија.Албин Курти и Мило Ѓукановиќ до Андреј Пленковиќ, сите сакаат соборување на власта во Србија. А дали тие сакаат нешто добро за Србија?“, прашал Вучиќ. На предизборниот собир тој кажал и дека некој однадвор ја отрул атмосферата во земјата, сакајќи да ја промени политиката на Србија, пред се на меѓународно ниво.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05