Почнува Светското првенство во скијање

Со трката во супервелеслалом во женска конкуренција денеска точно на пладне во швајцарскиот Сент Мориц ќе стартува Светското првенство во скијање.
Швајцарскиот ски-центар по петти пат ќе биде организатор на СП. Претходно беше домаќин во 1934, 1948, 1974 и 2003 година.

На Мундијалот ќе настапат 589 скијачи од 76 земји, меѓу нив и Македонија со седум свои претставника.

Проблеми на организаторот му донесоа вчерашните обилни снежни врнежи кои беа причина да биде откажан тренингот во спуст.

Бранителка на златниот медал во супервелеслалом освоен пред две години на претходното СП е Ана Фајт, порано Фенингер. Австриската скијачка поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда на коленото. Со повреди се мачеше и Линдзи Вон која секогаш е фаворит за највисок пласман. Големи шанси за највисок пласман на денешната прва трка од СП им се даваат и на Лара Гут (Швајцарија), Илка Штухец (Словенија) и Тина Вајратер (Лихтенштајн).

Првата трка во машка конкуренција е закажана за утре од 12 часот за кога е предвидено да се вози супервелеслалом.

Шампионатот ќе трае до 19 февруари. /МИА

СП 2018: Кејн во финишот и донесе победа на Англија против Тунис

 Англија со гол во судиското надополнување го совлада Тунис со 2:1 во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англичаните во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога и доминираа на теренот, при тоа имаа неколку сериозни шанси за погодок.

Англија со голот на Хари Кејн во 18-та минута поведе со 1:0. Меѓутоа, Тунис иако потешко доаѓаше до контрола на топката успеа во 35 минута со гол од пенал, кој успешно го реализираше Ферјани Саси, да израмни на 1:1.

Англиската репрезентација и во вториот дел продолжи со притисокот врз голот на Тунис, но изостануваше реализација се до 91-та минута кога Кејн повторно беше прецизен и донесе победа од 2:1.

Во првиот натпревар од оваа група Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0. 

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

СП 2018: Јеро: Имаме целосна доверба во Де Геа

Селекторот на шпанската репрезентација Фернандо Јеро изјави дека голманот Давид де Геа е смирен и сталожен по натпреварот со Португалија, во кој направи неколку грешки и прими три гола од португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Соседското дерби меѓу Шпанија и Португалија заврши со реми 3:3.

- Забележав дека Давид е смирен и сталожен. Во него сите имаме целосна доверба. Тимот имаше еден слободен ден и морам да кажам дека играчите се поопуштени, истакна Јеро.

Шпанија следниот натпревар го игра на 20 јуни против Иран. /МИА

притисни ентер