Јувентус триумфално низ Неапол

Лидерот и шампион Јувентус со победа од 3:1 остварена синоќа на гостувањето кај Наполи го заокружи 18.коло од Италијанското фудбалско првенство.
Головите за „старата дама“ ги постигнаа Пол Погба (29.минута), Хозе Мартин Касерес (69) и Артуро Видал (90+4), додека стрелец за Наполи беше Мигуел Бритос (64).

Со оваа победа Јувентус на врвот повторно и „избега“ три бода на Рома, додека Наполи заостанува 13 бодови зад лидерот.

Резултати на другите натпревари од овој круг: Рома – Лацио 2:2, Интер - Џенова 3:1, Аталанта – Киево 1:1, Каљари – Чезена 2:1, Фиорентина – Палермо 4:3, Сампдорија – Емполи 1:0, Верона – Парма 3:1, Торино – Милан 1:1 и Сасуоло – Удинезе 1:1.

Табела: Јувентус 40 бодови, Рома 40, Лацио 31, Наполи 30, Сампдорија 30, Фиорентина 27, Џенова 27, Милан 26,...

Меѓународен одбојкарски турнир за ветерани во Струмица

Во Струмица почна Меѓународниот одбојкарски турнир за ветерани, што традиционално се одржува по десетти пат по повод патрониот празник на градот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици", кој се одбележува на 11 декември.

На турнирот учествуваат ветераните на екипите „Пирин" од Разлог, Бугарија, „Рибница" од Краљево, Србија, како и екипи од Тетово и Струмица.

Вчера се одиграа полуфиналните натпревари. Екипата на Пирин ги совлада ветераните на Тетово со 2:0 во сетови, а Струмица славеше против Рибница со 2:1.

Турнирот завршува вечер со одигрување на натпреварите за 3 и 4 место и финалниот натпревар кој ќе го одлучи победникот. 

Италијанската тенисерка објави: Ја добив битката со ракот! (ВИДЕО)

Некогаш четврта тенисерка во светот, Италијанката Франческа Скјавоне објави дека минатата година водела голема битка со ракот .

Шампионката на Ролан Гарос во 2010 година и освојувачка на осум титули на ВТА, објави на социјалните мрежи дека на почетокот на оваа година и бил дијагностициран карцином , по што почнала со лекување.

Италијанката, која официјално се повлече од терените во 2018 година, изјави дека победила во големата битка со тешката болест.

"Здраво на сите, молчев седум или осум месеци. Бев изолирана од светот и социјалните мрежи. Сакам да го споделам со вас она што ми се случи во тој период. Ми беше дијагностициран карцином".

"Добив хемо, се борев напорно и сега можам да дишам. Ја освоив битката и се вратив во акција", рече Франческа во објавата.

Пред две години беше најплатен фудбалер на светот , а сега се пензионира

Езекиел Лавези реши да ја заврши кариерата на 35 годишна возраст. Последниот клуб за кој играше беше кинескиот Hebei Fortune.

,,Мојата фудбалска приказна беше неверојатна сите овие години. Беше обележана со учење, специјални моменти и сеќавања што ќе ги паметам до крајот на животот. Благодарност до сите што беа со мене. Време е да се збогувам со најневеројатниот дел од мојот живот", изјави Лавеци кој го направи своето деби во сениорскиот фудбал во 2003 година за аргентинскиот „Естудијантес“ и одигра 51 натпревар за репрезентацијата на Аргентина.

Тој помина пет години во Европа во Наполи и постигна 48 голови за славниот клуб, а потоа отиде во ПСЖ во 2012 година за 28 милиони евра и таму освои четири шампионски титули.

Заминувајќи во Кина во 2016 година, стана најплатениот фудбалер на светот. Таму заработи повеќе од 20 милиони долари по сезона. Не постигна голови во својата прва сезона во Кина, одигра само 775 минути, и звучи неверојатно што заработуваше повеќе од 30 000 долари за секоја минута на тревникот.

Сепак, следната сезона им се откупи на Кинезите и постигна 20 голови со 19 асистенции. Има одиграно само 11 натпревари оваа сезона и постигна три гола.

„Легендите не умираат, тие никогаш нема да бидат заборавени“, напишаа на транспарентот на навивачите на Hebei Fortune на натпреварот против Guangzhou Evergrande, откако стана јасно дека нивниот фаворит ќе стави крај на својата кариера.

Лавеци добро се заштити со договор за да ги добие сите пари од Кинезите, иако многумина имаа проблем да им ги исплатат . Во договорот се наведува дека клубот требало да му плати 26,7 милиони долари до 10 март од неговата прва година во клубот. Доколку не му ја платат таа сума, ќе му должат уште 20 милиони, а во случај ако ништо од ова не го платат до 17 март, договорот ќе беше раскинат и фудбалерот ќе добие 20 милиони долари. Аргентинецот се избори и за опремен стан, вила, два автомобили, возач и преведувач.

притисни ентер