Прв меѓународен натпревар на македонската хокеј репрезентација

Македонската репрезентација во хокеј на мраз утре ќе го одигра првиот меѓународен натпревар. Противник ќе и биде селекцијата на Бугарија (У-20), а по тој повод денеска беше организирана и прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт.
- Престојниот викенд ќе бидеме сведоци на историски исчекор на македонскиот хокеј на мраз, бидејќи Македонија ќе го одигра првиот официјален натпревар, како домаќин. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Македонската хокеј федерација, во насока на промоција на овој спорт и приближување до младите генерации. Имено, годинава за меѓународните активности на федерацијата, но и за организацијата на меѓународниот хокеј турнир „Скопје 2014" од буџетот на АМС беа издвоени 350.000 денари. Соработката на АМС со хокеј федерацијата ќе се продлабочи уште посериозно во наредниот период, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Претседателот на Хокеј федерацијата на Македонија, Никола Тасев истакна дека неколку години се подготвувале за да дојде до овој чин.

- Овој натпревар е круна на оваа година, по турнирот што се одржа во октомври. Играме против репрезентацијата на Бугарија У-20 со цел да видиме до каде сме и да се пријавиме во квалификациите за хокеј на мраз. Како што е познато ние досега игравме квалификации во ин-лајн хокеј, а ова се првите чекори кон квалификациите на мраз. Планирани се и пријателски натпревари за идната година со репрезентациите на Босна и Херцеговина и Турција.

Селекторот Јуре Внук, кој доаѓа од Словенија верува дека во Македонија има талент за хокеј и дека спортот може да расте.

- Нашата репрезентација е мешавина на искуство и младост, која мислам дека може да се развива во позитивна насока. Од утрешниот натпревар не очекуваме многу во смисла на резултатот. Сакаме да видиме до каде сме во играта и организацијата. Заедно растеме и гледам големи можности за развој на овој спорт во Македонија, истакна селекторот Внук.

Натпреварот се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 14 часот, додека за недела е закажан и вториот дуел со почеток во 10:30 часот.

Иниеста дебитираше со пораз на Висел Кобе

Андрес Иниеста дебитираше во јапонскиот шампионат, но неговиот клуб Висел Кобе на домашен терен претрпе убедлив пораз од 0:3 од Шонан.

Иниеста влезе во игра во 59-та минута при резултат 0:2, но не успеа да внесе промена во лошата игра на неговите соиграчи и до крајот на натпреварот примија уште еден гол.

Дебито на шпанскиот фудбалер беше поздравено од присутните гледачи во Кобе со стоечки овации. /МИА

Бизарна трка во Лондон, водечката натпреварувачка застана без причина (видео)

Необична ситуација се случи на трката на 3.000 метри за жени на атлетскиот митинг во Лондон, откако водечката натпреварувачка на половина круг до целта едноставно престана да трча и застана.

Во трката, која не се бодуваше за од Дијамантската лига победи Лилијан Касаит Ренгерук од Кенија, иако водечка натпреварувачка беше Фанту Ворку од Етиопија која на 200 метри од целта застана како трката да завршила и да победила.

Атлетичарката како што подоцна беше утвдено не била ниту повредена, ниту пак имала некаков друг проблем, туку згрешила мислејќи дека трката е завршена.

По ова сите останати атлетичарки ја поминаа, а 19-годишната Ворку на крајот остана без пласман.

Легендарниот атлетичар Мајкл Џонсон, кој како стручен консултант ја коментираше трката за Би-Би-Си, наведе дека досега не видел такво нешто и дека е бизарно.

 

Тухел: Тимот не е комплетен и затоа не сум среќен

Фудбалерите на Пари Сен Жермен беа поразени со 3:1 од Баерн Минхен на Интернационалниот куп на шампионите во Клагенфурт.

Претходно, ПСЖ загуби и во пријателски натпревар со Шамбли, а новиот тренер на парискиот клуб Томас Тухел и тогаш настапи со комбиниран состав од млади и неискусни играчи.

Тухел уште извесен период нема да го има на располагање комплетниот состав, бидејќи Нејмар, Едисон Кавани и Килијан Мбапе, по настапот за нивните репрезентации на Светското првенство во Русија, сега се на одмор.

- Имаме исклучително силен напад со Нејмар, Кавани и Мбапе, па затоа и се радувам на идната соработка со нив. Но, ќе мора да почекаме уште малку, бидејќи доста играа на Светското првенство. За жал тие ќе доцнат, а првенството ќе почне рано. Секако дека не сум среќен поради тоа, истакна Тухел.

Додека не дојдат останатите главна ѕвезда во тимот е новиот голман Џанлуиџи Буфон.

За фудбалерите на ПСЖ француското првенство ќе започне на 12 август, а во првото коло ќе играат против Каен. /МИА

притисни ентер