Цонга подобар од Федерер

Францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга успеа да го елиминира вториот носител на Ролан Гарос, Рожер Федерер од Швајцарија.

Цонга, како што јави МИА, успеа првпат во својата кариера да го совлада Федерер на меч од Грен Слем турнирите и да избори пласман во полуфиналето што е негов најдобар пласман на Ролан Гарос.

Цонга славеше во четвртфиналето со 7:5; 6:3 и 6:3 по сетови. Мечот траеше 1 час и 51 минути, а ова беше четврта победа за Французинот во 13.меѓусебен меч.

Противник на Цонга во полуфиналето ќе му биде Шпанецот Давид Ферер, кој експресно со 6:2; 6:1 и 6:1 по сетови го победи својот сонародник Томи Робредо. Ферер со овој пласман го повтори успехот од лани, кога беше полуфиналист.
Цонга и Ферер досега на турнирот петте меча ги добија со 3:0 во сетови.

Утре во четвртфиналето ќе играат: Рафаел Надал – Станислав Вавринка и Новак Ѓоковиќ – Томи Хас.
притисни ентер