Илина Арсова, првата Македонка која се искачи на Монт Еверест

Триесетгодишната Илина Арсова е првата жена Македонка која го развиори македонското знаме на Монт Еверест. Искачувањето на овој врв од жени е реткост, па затоа, овој подвиг на Илина Арсова е документиран од филмска екипа.



Арсова е првата жена од Македонија која минатата година се искачи на Матерхорн (4.587 метри) по насоката Лавовски гребен, а во досегашната кариера се искачи и на врвовите Ама Даблам (6.856 метри) и Аконкагва (6.963 метри), што во моментов е највисок дострел од страна на жена Македонка кога е во прашање високогорското планинарење.

Арсова за Монт Еверест се подготвуваше долго време, но експедицијата „Прва македонка на Монт Еверест” три години се одложуваше заради недостиг од финансиски средства.

Илина е ликовен уметник, а љубовта кон планинарењето ја стекнала како дете на падините на Водно.
притисни ентер