Мареи меѓу четвртфиналистите во Мадрид

Олимпискиот шампион од Лондон Британецот Енди Мареи се пласира во четвртфиналната фаза на тенискиот турнирот Мадрид Опен од серијата Мастерс 1000 откако по тешкиот и исцрпувачки меч доцна синоќа успеа да го совлада борбениот Французин Жил Симон со 2:1 по сетови 2:6, 6:4 и 7:6.

 Британецот лошо го одигра првиот сет во кој му дозволи на Симон два „брејка“. Мареј и во вториот сет почна со изгубен сервис, но веднаш потоа на ист начин возврати и на крајот да го освои вториот сет.

Во решавачкиот трет сет при 6:5 во гемови британскиот тенисер не искористи три меч топки, па мораше преку тај-брејк да се избори за влез во најдобрата осумка на турнирот.

Противник на Мареј во полуфиналето ќе му биде Томаш Бердих (Чешка).

Во другите четвртфинални мечеви ќе се сретнат : Надал (Шпанија) - Ферер (Шпанија), Нишикори (Јапонија) - Андухар (Шпанија) и Варвинка (Швајцарија) - Цонга (Франција).
притисни ентер