Познати противниците на македонските репрезентации на Медитеранските игри во Турција

Вчера во Мерсин, Турција се одржа церемонијата на одредување на групите за ракометниот, кошаркарскиот, одбојкарскиот и фудбалскиот турнир на Медитеранските игри МЕРСИН 2013.






Македонската кошаркарска репрезентација (мажи) е во групата “А“ со репрезентациите на Турција, Египет и Алжир.
Во групата “Б“ се репрезентациите на Србија, Тунис и Италија.

Нашата  машка ракометна репрезентација е во групата “Ц“ и ќе игра со репрезентациите на Хрватска, Турција и Италија. Во групата “А“ се репрезентациите на Франција, Словенија и Египет, а во групата “Б“, репрезентациите на Србија, Тунис, Алжир и Грција.

Македонската женска ракометна репрезентација е во групата “Б“ со репрезентациите на Црна Гора, Хрватска и Италија.
Во групата “А“ се репрезентациите на Шпанија, Србија и Тунис, а во групата “Ц“, репрезентациите на Франција, Турција,
Словенија и Алжир.


Македонската одбојкарска репрезентација (мажи) е во групата “Б“ со репрезентациите на Италија, Алжир и Тунис.
Во групата “А“ се репрезентациите на Египет, Франција и Турција.

Македонската фудбалска репрезентација (мажи) е во групата “Б“ со репрезентациите на Италија, Либија и Тунис.
Во групата “А“ се репрезентациите на Турција, Мароко, Босна и херцеговина и Албанија.
притисни ентер