Ѓоковиќ доби дрес од Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перес на најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ му поклони дрес од кралскиот клуб со број 1.




Лидерот во светскиот тенис во саботата на Сантијаго Бернабеу беше гостин на Реал на дуелот со Ваљадолид во рамките на Примера дивизионот.

По триумфот над Ваљадолид од 4-3 ,првиот човек на кралевите Перес на најдобриот светски тенисер му врачи на поклон дрес на Реал со бројот 1 .

Инаку најдобриот тенисер во светото неделава во Мадрид на АТП Мастерсот од серијата 1000 ќе го брани трофејот освоен минатата година.
притисни ентер