Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на лекарски консултации во Прага

Лидерот на АТП листата Новак Ѓоковиќ е снимен на прашкиот аеродром „Вацлав Хавел“.





Како што јавува дописникот на МИА од чешката метропола, се претпоставува дека 25-годишниот тенисер е дојден на лекарски консултации со познатиот чешки физиотерапевт Павел Колар.

Колар поради почитување на тајноста на пациентите не ја коментираше веста, но се претпоставува дека Ѓоковиќ ја посети Чешка поради повредата на зглобот, која ја здоби во Дејвис купот.

Оваа недела „првиот светски рекет“ е слободен, а потоа за време на викендот веќе го чекаат натпревари во Шпанија.
притисни ентер