Девин Смит најдобар во Евролигата во март

Бекот на израелскиот кошаркарски гигант Макаби Девин Смит е најкорисниот кошаркар за месец март во Топ 16 фазата од Евролигата.



Смит во месец март го водеше Макаби до максимален ефект од четири победи во Топ 16 фазата од Евролигата. По оваа победничка серија Макаби ТА. Е на чекот од пласманот во четвртфиналето на најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Во триумфот на Макаби над Фенербахче Девин Смит учествуваше со 16 поени, и по 3 скока и блокади.

На дуелот против Химки на домашен  терен во Тел Авив Смит оствари 16 коша, и 7 скока . На европскиот шампион Олимпијакос му испорача 16 поени а имаше уште и 6 скока. Сличен ефект Девин Смит  од 16 поени и 9 скока реализираше на мечот со Бешикташ.
притисни ентер