Јаневски задоволен од играта со Белгија, разочаран од резултатот

- Горд сум на своите избраници кои одиграа добар натпревар против квалитетниот противник.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски на синоќешната прес-конференција веднаш по загубениот дуел со Белгија изрази задоволство од играта на своите избраници.
 
- Горд сум на своите избраници кои одиграа добар натпревар против квалитетниот противник. Ова посебно се однесува за првото полувреме кога имавме неколку убави шанси за гол, но ни недостигаше реализација. А знаев дека противникот може тоа да го казни и така се случи, изјави македонскиот селектор.
 
Тој нагласи дека Македонија и на реваншот во Брисел треба да игра како во почетните 20 минути кога беше подобар противник, а евентуалното повторување на таквата игра, како што рече, дава надеж за позитивен исход на теренот на Белгијците.
 
Гостинскиот селектор Матс Вилмотс како клучни за победета на неговата репрезентација ги потенцира неискористените шанса на македонските фудбалери во почетните 20 минута и повика на претпазливост на реваншот во Брисел.
 
Синоќа во Скопје резултатот беше 0:2, а средбата на која Белгија ќе и биде домаќин на Македонија ќе се одигра во вторник./МИА
притисни ентер