Металург со триумф над Брест М го завери пласманот на завршницата на СЕХА

Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва со триумф над белорускиот Брест Мешков во 16 коло го потврди пласманот на завршниот фајнл фор турнир од СЕХА лигата.


Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва со триумф над белорускиот Брест Мешков во 16 коло го потврди пласманот на завршниот фајнл фор турнир од СЕХА лигата.

На домашен терен во Автокоманда Металург со иста мерка победа од 28-26 му се реваншираше на Брест за поразот во далечната Белорусија во минатиот месец.

Металург и Брест вечерва во Автокоманда одиграа интересен и неизвесен меч ,во кои нашиот првак за нијанса беше подобриот противник и на крајот заслужено стигна до триумф од 28-26.

Избраниците на Лино Червар вечерва ја забележаа 12 победа во досегашните 16 кола од регионалната СЕХА лига со што и понатаму цврсто ја чуваат водечката позиција на табелата во регионалното друштво, пред големите ривали Загреб, Брест и Вардар Про.

Унгарија и Русија бележат црни биланси

Во Унгарија починале 154 лица, претежно стари лица со хронични болести, а во последните 24 часа се потврдени 3951 нова инфекција со коронавирус, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Од почетокот на пандемијата, 221.073 лица биле заразени во Унгарија, а скоро 5.000 починале.Во болниците има 7.884 лица, 662 на респиратори. Вкупно 1.653.780 лица биле тестирани за коронавирус во таа земја. Најголем број на потврдени случаи има во главниот град Будимпешта - 47.340.

Русија денеска објави рекордни 569 жртви на ковид-19, објави Ројтерс. Вкупниот број на жртви се искачи на 40.464.

Во изминатите 24 часа, потврдени се 26.402 нови случаи на коронавирус, вклучително и 6.524 во главниот град Москва. Вкупниот број на заразени е 2.322.056.

Според институтот Џонс Хопкинс, 63.290.093 лица биле заразени во светот до денеска во 10 часот, а починале 1.469.052 луѓе.

Португалските угостители штрајкуваат со глад против мерките

Сопствениците на девет ресторани, барови и ноќни клубови штрајкуваат со глад петти ден по ред пред португалскиот парламент во знак на протест против ограничувањата поради епидемијата на коронавирус.

„Потребна ни е поддршка за да преживееме“, рече Алберто Кабрал, менаџер на ноќен клуб..

Демонстрантите, кои кампуваат пред зградата на парламентот и живеат со вода, чај и кафе што им ги носат нивните приврзаници, велат дека нема да јадат додека не бидат примени од премиерот и министерот за економија.

Баровите и ноќните клубови се затворени од март, додека рестораните повторно се отвориле во мај, но затворањето на полицискиот час и викендот, што важи од 8 ноември, ги налути сопствениците кои предупредуваат дека нивниот бизнис нема да преживее оваа година.

На Интернет е покрената петиција со која се бара на сопствениците да им биде дозволено да работат, а досега се собрани скоро 45.000 потписи, а тој број се зголемува за неколку илјади на секој час.

Како компензација за затворањето на рестораните за време на викендот, владата им понудила на сопствениците на ресторани износ од 20 проценти од нивните приходи во периодот од јануари до октомври оваа година.

Екс премиерот Владо Бучковски е именуван за специјален претставник за Бугарија

Поранешниот премиер Владо Бучковски доби задача од Владата да биде специјален претставник во македонско бугарските разговори за надминување на отворените прашања.

Одлуката е донесена на денешната владина седница. Пред Владата е Јана Јосифовска.

притисни ентер