Ослободете се од масните наслаги со помош на оваа напивка која самите ќе ја направите (рецепт)

Ова е вистинската комбинација за детоксикација на организмот.
Ќе ви го забрза организмот и ќе го подобрите имунитетот. Ако сакате да се ослободите од масните наслаги ова е потполно природен пат.
Состојки: 1 лажичка цимет, 2 лажици јаболков оцет, 1 лажица мед, 2 лажици сок од лимон, 2 лимони излуени и исечкани на коцки, 1 чаша вода.
Комбинација од овие состојки ќе ви помогне во согорување на мастите, ќе го забрза вашиот метаболизам, а со неа можете и ефикасно да се борите против дијабетес и крвен притисок.
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и добро измешајте ги.Доколку немате блендер, измиксајте ги со миксер, откако лимонот сте го исечкале со нож.  Препаратот држете го фрижидер и пијте секое утро по една лажичка на празен стомак.
Резултатите ќе ве воодушеват.

Мексиканците носат картонска слика на навивач што доби забрана од сопругата да оди на Мундијалот

 Меѓу навивачите на мексиканската фудбалска репрезентација присутни на Мундијалот во Русија се најде и фотографија во природна големина на навивач залепена на картонска кутија.

 Се работи за Хавиер кој доби забрана од дома да патува на СП.

На сината маица на картонот Хавиер пишува: „Мојата сопруга не ме пушти мене“.

Мексико на стартот на Мундијалот ја победи Германија со 1:0, а пријателите на Хавиер му ветиле дека картонот со неговиот лик ќе го носат со себе и на следните натпревари. 

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

притисни ентер