Луиџи ди Мајо : Инсистирам да бидам премиер

Лидерот на италијанското движење ,,Пет ѕвезди “ Луиџи ди Мајо повторно инсистира тој да биде премиер .
Сепак , тој не објасни како може да биде постигнат политички договор. Си Мајо , чие движење одвои 32 проценти од гласовите на парламентарните избори изјави дека неговите пратеници се подготвени за договор со другите политички партии .
Тој на прес конференција не кажа што би им понудил на коалиционите партии за да го добие премиерското место .

Поради тоа што ниедна партија не освои мнозинство на изборите на 3 март, се предвидува дека преговорите за коалициска влада ќе бидат долги и тешки . 

Без вода утре дел од општина Карпош

Без вода утре од 09:00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди“, зградите во близина на Неуромедика и улица „Црвена вода“, во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80 мм, на булевар „Партизански одреди“ број 38. /МИА

Романија: Демонстрантите упаднале во зградата на Парламентот (фото)

Демонстрантите влегле во зградата на Парламентот на Романија, каде одржале протест против законот за кои изјавуваат дека ќе ја олесни корупцијата на високо ниво.

Демонстрантите успеале да влезат во Парламентот во придружба на пратениците од опозициската партија „Сојуз за спас на Романија“ (USR).

Тие испоседнале пред канцеларијата на Ливиу Драгне, лидерот на владејачките социјалдемократи, кои не може да биде премиер бидејќи е осуден поради местење на избори.

Ја повикаа романската управа за борба против корупцијата да “дојде и да го одведе“ и држеле транспарент: „Гнездо на крадци и мафијаши“. Телевизиските станици го пренесуваа во живо протестот.

Ненадејниот протест почнал додека премиерката Виорика Данчила држела говор во Парламентот за претстојното претседавање на Романија на Европската унија.

Пратениците во понеделникот одобрија ревидиран кривичен закон кој критичарите го нарекоа чекор наназад во процесуирањето на корупцијата.

 

Курц: Виновни се оние кои ги отворија границите за мигрантите

Австрискиот канцелар Себастијан Курц предупреди на опасноста од понатамошно заострување на бегалската криза поради спорот со политиката за азил во Германија.

Пред состанокот со претставниците на владата на германската покраина Баварија во Линц, изјавил дека Австрија подготвува мерки за враќање на мигрантите од германската граница, за што се залага германскиот министер внатрешни работи Хорст Зехофер.

„Мораме да бидеме подготвени на тоа дека националните контроли на границите во Европа ќе бидат засилени, поаѓајќи од Германија“ – нагласил Курц додавајќи дека е во интензивен контакт со министрите за одбрана и внатрешни работи.

Тој повтори дека Австрија не сака да се меша во внатрешната дебата во Германија врзана за политика спрема мигрантите, но сепак ја критикуваше досегашната политика на германската канцеларка.

„Тие кои во 2015 година ги отворија границите се виновни за тоа што денеска постојат гранични контроли меѓу Австрија и Баварија, Унгарија и Австрија, Италија и Австрија, и што ситуацијата можеби ќе биде уште полоша“ – порача Курц.

Курц предупреди дека не може да се чека катастрофата да стане толку голема како во 2015 година.

притисни ентер