МТСП: Владата за прв пат усвои Програма за персонална асистенција

На предлог на МТСП, Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година.
Оваа услуга се воведува првпат во Македонија и е целосно финансирана од Буџетот, соопштуваат од Министерството за труд и социјлна политика.

Со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.

Со оваа програма ќе се обезбеди персонална асистенција за 100 лица на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или лица со целосно оштетен вид. Личните асистенти  ќе им помагаат при извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, при посета на високообразовни институции, неформално образование,  професионална рехабилитација или поддршка на работно место.

Асистентите ќе бидат лица кои поседуваат сертификат за завршена обука за стекнување со вештини за лична асистенција, верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни. Во Оперативниот план за мерки и услуги за вработување за 2018 година се предвидени средства за обука на 100 невработени лица.

За реализација на Програмата издвоени се 17.500.000 денари од буџетот на МТСП. Со воведување на персоналната асистенција ќе се зајакне системот на социјална заштита и ќе се придонесе за практична имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост. Министерството за труд и социјална политика ќе го следи извршувањето  на програмата заради планирање на проширување на опфатот и достапноста на услугата во наредниот период.

Преку Програмата за општинско корисна работа, на почетокот на учебната 2017/18 година, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, обезбеди средства за ангажирање на 106 образовни асистенти и 34 лични асистенти за деца кои посетуваат настава, со што е зајакната и поддршката на децата со попреченост во образовниот процес.

Која е жената што се бори против Ердоган ?

Која е Мерал Аксенер , противкандидат на Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

В недела во Турција ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори , на кои актуелниот претседател реџеп Таип ердогфабн ќе има дури петмина против кандидати. Со новите уставни измени новиот шеф на државата ќе има значително поголеми овластувања , откако беше воведен претседателски систем на управување.

Според аналитичарите , по првата изборна победа во 2002 , на овие избори Ердоган ќе се соочи со најголем број претставници на опозицијата .

Меѓу нив е и 62 – годишната Мерал Аксенер , поранешен министер за внатрешни работи и потпретседател на Турскиот парламент до 2015 година. Од октомври минатата година е на чело на опозициската либерално конзервативна и секуларистичка партија IYI .  Нејзиното семејство потекнува од Солун , од каде во 20 тите години на мнинатиот век е протерано во Истанбул . Била член на владејачката апртија на Ердоган , но во 2016 се разидува со него поради воведувањето на уставните измени . ,, Ова е движење на храбрите “, изјави Аксенер на последното обраќање пред изборите в недела.

Косовската опозиција го одби предлогот на Тачи за границата со Србија

Три опозициски партии на Косово го одбија предлогот на претседателот Хашим Тачи да бидат дел од процесот за демаркација на границата со Србија.

,,Нема причина да бидеме дел од дијалогот , бидејќи за границите постојат надлежни институции , државна комисија за оваа работа. Нашиуот став за предлогот на Тачи е познат и истото важи за прашањето за границата .” , изјави секретарот бна Демократскиот сојуз на Косово , Исмет Баќири .

Хашим Тачи претходно го потврди учеството на продолжението на преговорите со Србија в недела во Брисел и најави дека на маса ќе се најдат прашањата за границата . Тој повторно ги повика партиите за формирање сеопфатен тим , за процесот да биде што повеќе кредибилен и транспарентен.

Опозицијата го оспорува легитимитетот на Тачи за водење на преговорите со Србија во Брисел , поради тоа што не добил овластување од Парламентот.  

Уште еден американски дипломат заболен од ,,Кубанскиот синдром “

Уште ден дипломат во амбасадата на САД во Хавана заболе од ,,Кубанскиот синдром “.

Со овој случај , бројот на ,,заболени “ дипломати достигна 25. Дипломатот се жали на зуење во ушите , главболка , вртоглавица и проблеми со видот.

,, Ова е прв медицинбски потврден случај во Хавана од август 2017 . Бројот на Американци кои доживеале ваков инцидент достигна 25 .” изјави портпаролката на Стејт Депатрментот , Хедер Њуарт на прес конференција во Вашингтон. Најновиот случај е дијагностициран откако биле извршени темелни медицински истражувања кои покажал слични симптоми со претходните 24 случаи.

Уште еден дипломат е повлечен од Хавана , но неговите медицински извештаи не се познати. Неодамна најмалку еден дипломат имнаше слични симптоми , како вработен во амбасадата на САД во Кина , но засега не е познато што ги предизвикува ,,звучните напади “ , како што ги нарекуваат во САД .

притисни ентер