ВМРО –ДПМНЕ : Власта денес се задолжи за 93 милиони евра

СДСМ не запира со расипничкиот однос со парите на граѓаните. СДСМ денес повторно ја задолжи државата. Власта денес се задолжи за 93 милиони евра, соопштија од ВМРО –ДПМНЕ.
Задолжувањето во Република Македонија, под власта на СДСМ стана пракса, а не исклучок. Не поминува недела, а власта да не се задолжи.
Од почетокот на годината до денес, односно за два ипол месеци, власта ја задолжи државата за над 790 милиони евра. Додека вкупниот нето долг во истиот период го зголеми за над 540 милиони евра.

И додека секојдневно се задолжуваме, економијата стагнира. Во 2017 година не е остварен економски раст, односно истиот е 0%. Градежништвото бележи пад од 20%, а пад бележиме и во други сектори. Бруто инвестициите бележат пад од 1%, што е показател за идните тенденции во економијата и јасно покажува дека лоши резултати не очекуваат и во иднина. Во вакви услови на стагнација власта наместо одговорно да се однесува со парите на граѓаните, истата секојдневно се задолжува.

Милиони задолжувања, а нула инвестиции. Партијата која од опозиција ветуваше инфраструктурен бум нема почнато ниту еден метар нов пат или автопат.
Граѓаните се разочарани. Власта работи спротивно на тоа што го ветуваше. Власта се задолжува, целосно нетранспарентно и без основа.

Оваа власт не работи во полза на граѓаните. Оваа власт не води грижа за интересот на државата и нејзиниот развој. Колку побргу си замине оваа расипничка власт, толку подобро за македонската држава и економија, се наведува во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.

Која е жената што се бори против Ердоган ?

Која е Мерал Аксенер , противкандидат на Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

В недела во Турција ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори , на кои актуелниот претседател реџеп Таип ердогфабн ќе има дури петмина против кандидати. Со новите уставни измени новиот шеф на државата ќе има значително поголеми овластувања , откако беше воведен претседателски систем на управување.

Според аналитичарите , по првата изборна победа во 2002 , на овие избори Ердоган ќе се соочи со најголем број претставници на опозицијата .

Меѓу нив е и 62 – годишната Мерал Аксенер , поранешен министер за внатрешни работи и потпретседател на Турскиот парламент до 2015 година. Од октомври минатата година е на чело на опозициската либерално конзервативна и секуларистичка партија IYI .  Нејзиното семејство потекнува од Солун , од каде во 20 тите години на мнинатиот век е протерано во Истанбул . Била член на владејачката апртија на Ердоган , но во 2016 се разидува со него поради воведувањето на уставните измени . ,, Ова е движење на храбрите “, изјави Аксенер на последното обраќање пред изборите в недела.

Косовската опозиција го одби предлогот на Тачи за границата со Србија

Три опозициски партии на Косово го одбија предлогот на претседателот Хашим Тачи да бидат дел од процесот за демаркација на границата со Србија.

,,Нема причина да бидеме дел од дијалогот , бидејќи за границите постојат надлежни институции , државна комисија за оваа работа. Нашиуот став за предлогот на Тачи е познат и истото важи за прашањето за границата .” , изјави секретарот бна Демократскиот сојуз на Косово , Исмет Баќири .

Хашим Тачи претходно го потврди учеството на продолжението на преговорите со Србија в недела во Брисел и најави дека на маса ќе се најдат прашањата за границата . Тој повторно ги повика партиите за формирање сеопфатен тим , за процесот да биде што повеќе кредибилен и транспарентен.

Опозицијата го оспорува легитимитетот на Тачи за водење на преговорите со Србија во Брисел , поради тоа што не добил овластување од Парламентот.  

Уште еден американски дипломат заболен од ,,Кубанскиот синдром “

Уште ден дипломат во амбасадата на САД во Хавана заболе од ,,Кубанскиот синдром “.

Со овој случај , бројот на ,,заболени “ дипломати достигна 25. Дипломатот се жали на зуење во ушите , главболка , вртоглавица и проблеми со видот.

,, Ова е прв медицинбски потврден случај во Хавана од август 2017 . Бројот на Американци кои доживеале ваков инцидент достигна 25 .” изјави портпаролката на Стејт Депатрментот , Хедер Њуарт на прес конференција во Вашингтон. Најновиот случај е дијагностициран откако биле извршени темелни медицински истражувања кои покажал слични симптоми со претходните 24 случаи.

Уште еден дипломат е повлечен од Хавана , но неговите медицински извештаи не се познати. Неодамна најмалку еден дипломат имнаше слични симптоми , како вработен во амбасадата на САД во Кина , но засега не е познато што ги предизвикува ,,звучните напади “ , како што ги нарекуваат во САД .

притисни ентер