Го тресат шоу бизнисот , а немаат ниту средно училиште

Голем број Холивудски ѕвезди се откажале од средното училиште за да и се посветат на кариерата .
Меѓу најпознатите ѕвезди без средно образование е на пример Џони Деп ,  кој го напуштил училиштето за да стане музичар. Жизел Бундшен на 14 години го напуштила училиштето за да стане манекенка . Сепак тоа не ја спречило подоцна да продолжи со учење и денеска зборува пет јазика.

Арнолд Шварценегер се отпишал од средното училиште за да се занимава со боди билдинг . Од тогаш стана и актер , суперѕвезда и гувернер на Калифорнија. Камерон Дијаз го напуштила училиуштето поради договор за модел .

Подоцна стана позната по филмот ,,Маска “ со Џим Кери , кој исто нема диплома од средно . 

И Том Круз го прекинал школувањето за да стане актер . Шарлиз Терон не можела да се вклопи во училиште , но затоа доби Оскар за филмот ,,Чудовиште “ . И британската актерка Кејт Винслет на 16 години го прекинала школувањето.

Мерлин Монро на 16 години се омажила и не успеала да добие диплома. На 16 години училиштето го напуштила и славната актерка Деми Мур.

Раперот Џеј Зи избегал од училиште за да продава дрога. Случајно го снимил првиот сингл и станал ѕвезда.

На долгиот список на ѕвезди што не завршиле средно се и Марлон Брандо , Орландо Блум , Парис Хилтон , Дејвид Боуви , Кијану Ривс , Џесика Симпсон , Кетрин Зета Џонс, Тајан Гослинг , Ума Турман , Квентин Тарантино и многу други .

Бразилец го поминал половина свет со ,,Буба “ за да стигне на Мундијалот (ВИДЕО)

Бразилецот Науро Жуниор поминал 15 000 километри со својата ,,VW Буба “ од 1968 година , за да стиге во Русија на Светското првенство.

Науро раскажува за руската телевизија дека кога бил мал татко му не сакал да го однесе на Мундијалот во Аргентина , велејќи му дека е далеку .

Затоа тој веднаш по завршувањето на Светското првенство во Бразил во 2014 почнал со подготовките на неговата ,,Буба”  .

Пропатувал цели 15 000 километри , а уште долг пат го чека низ Русија , каде не испушта ниеден натпревар на својата репрезентација.  Вели дека автомобилот , иако стар 50 години , одлично го служи.

Бентли подготвува SUV купе возило

Спортскиот оф роуд изглед на возилата (SUV) полека но сигурно ги освои љубителите и на луксузните автомобили.

Откако Audi го претстави неодамна својот нов модел Q8, и Volkswagen најави уште еден SUV од класата. Станува збор за Bentley Bentayga Sport, за кој се најавува дека ќе биде повеќе спортски модел во однос на стандардната верзија.

Главна одлика на новиот модел ќе биде линијата на покривот , што ќе се повлекува како во останатите купе возила. Тоа ќе влијае на висината на покривот над задното седиште , како и на капацитетот на багажникот.

Bentley неодамна најави уште посилна верзија со ознака Speed , најверојатно со засилен W12 агрегат.

Сок кој ги топи килограмите! (рецепт)

Станува збор за сок од три состојки кој го намалува чувството на глад, го чисти организмот од токсини, го забрзува метаболизмот, дава енергија и помага на телото да се ослободи од вишокот на масти.

Состојки:

– чаша свеж сок од грејпфрут

– 2 лажички јаболков оцет

– 1 лажичка мед

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер , се додека не добиете хомогена смеса. Овој сок треба да го пиете пред сите три големи оброци(појадок, ручек, вечера). Постапката треба да ја повторувате секој ден, седум дена по ред, па потоа треба да направите пауза од една недела, па да ја повторите постапката. Доколку не можете да го поднесете вкусот на грејпфрут секој втор ден заменете го со сок од свежи портокали.

притисни ентер