Павловски: Ќе покажеме поинаков и богат фолклор

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ ќе биде специјален гостин на две танц шоуа кои доаѓаат во ВИП арена „Борис Трајковски“ во Скопје овој и наредниот месец – околу десетминутен настап ќе има пред гостувањето на „Fire of Anatolia“ на 12 март и 30-минутно претставување пред танцово-музичката атракција „Lord of The Dance“ на 11 април.

Директорот на „Танец“ Стојанче Павловски за МИА вели дека нивната програма пред настапот на „Огнот на Анадолија“  идниот понеделник ќе биде 12 до13 мунути во кои на плејбек ќе изведат неколку ора, меѓу кои „Осоговка“, „Пирин“, „Лазаренки“...

За „Lord of The Dance“, пак, ќе имаат поширока програма и получасовен настап. Тоа е можност, рече, пред двете светски танц атракции да се прикаже македонската играорна традиција.

-  На двете шоуа „Танец“ ќе ја претстави нашата култура, традиција, нашето мајстортство. Како што имаат тие, имаме и ние. Нивните настапи се помодернизирани. Ние сме малку подруго, се уште се држиме до традицијата, но имаме наши автентични чекори и елементи. Нашиот  фолклор е богат, изјави директорот на националниот ансамбл кој идната година ќе одбележи 70 години постоење.

Со турската танчарска група од Анадолија „Танец“ ќе настапи првпат, а со танчарите на „лордот“  Мајкл Флетли веќе има искуство од нивното гостување пред десет години. Оваа година „Lord of The Dance“ во Скопје ќе се претстави со ново шоу - „Опасни игри“. 

Сијарто: Комесарот на ОН и објави војна на унгарската влада

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал-Хусеин и објави војна на унгарската влада затоа што сака да ги заштити граѓаните на Унгарија од илегалната миграција.

Тоа го изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Ал-Хусеин денеска на отворањето на 38. Седница на Светскиот совет за човекови права ја критикуваше имиграционата политика на Америка, Кина, Мјанмар и Унгарија.

Комесарот на ОН ја критикуваше Унгарија поради законот против активностите на милијардерот Џорџ Сорос со кои се наметнуваат рестрикции на организациите кои им помагаат на бегалците и ги казнуваат групите за заштита на човековите права на границите.

Шефот на унгарската дипломатија изјавил дека илегалната миграција е прашање на национална безбедност и навел дека во последните три години загинале повеќе од 330 луѓе, а повеќе од 1.300 се повредени во Европа “во нападите на терористите со мигрантско потекло“.

Фотографијата со која “Русите“ го шокираа светот не е од Русија (фото)

Фотографијата која го обиколи светот, а на која се наоѓаат десетици мртви кучиња, била направена во Пакистан, а не во Русија, како што тврделе многумина.

Шокантната фотографија направена е во Карачи во 2016 година, а кучињата биле убиени за да се намали бројот на животните на улиците, пишува „Раша тудеј“.

Сепак, пред почетокот на Светското првенство во фудбал многумина беа загрижени за кучињата скитници во Русија, тврдејќи дека Русите ги убиваат.

 

Корисниците на социјалните мрежи ја споделувале фотографијата мислејќи дека е направена во Русија.

Меѓутоа, фотографијата на која има повеќе од 50 мртви кучиња е направена пред две години во Пакистан.

Заменик премиер Витали Мутко навел дека животните биле уловени и сместени во прифатилиште, а некои од корисниците на твитер го споделиле го споделиле текстот на Ројтерс во кој се наведува дека во Карачи во 2016 година се убиени повеќе од 700 кучиња. Фотографијата со кучињата исто така се наоѓа во овој текст.

„Фотографијата која сте ја искористиле според моето мислење е злочин, но не од Русија“ – напишал еден корисник на оваа социјална мрежа.

 

Украина: Време е за “деокупација“ на Крим

Киев, после продолжувањето на санкциите на ЕУ спрема Русија, треба да премине на “деокупација“ на Крим, изјави министерот за внатрешни работи на Украина, Павел Климкин.

„Им благодарам на нашите пријатели во ЕУ за продолжувањето на “кримските“ санкции на уште една година. Важно е во списокот да се внесат и одговорните за масовните кршења на човековите права на окупираниот полуостров и за изградбата на мостот преку Керчкиот проток. Треба да се премине од политика на “непризнавање“ на “деокупација“.

Претходно е соопштено дека рестриктивните мерки на Европската унија за Крим се продолжени на уште една година.

 

притисни ентер