Филипче потпиша договори со граѓански организации за активности за превенција од ХИВ

Петнаесет граѓански организации кои аплицираа на јавниот повик на Министерството за здравство ќе добијат 47 милиони денари за активности утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција за годинава.

Тие денеска со министерот за здравство Венко Филипче потпишаа договори со кои ќе им бидат обезбедени средствата.

- Република Македонија e првата земја во регионот која целосно го презема финансирањето на превентивните програми за ХИВ и туберкулоза од Глобалниот фонд, кој го препозна ова лидерство. Имаме чест годинава на 9 и 10 мај бордот на Глобалниот фонд да се одржи во нашата земја. Владата стави приоритет и обезбеди средства од националниот буџет за да продолжи со програмите за превенција, дијагноза и за лекување на пациентите со ХИВ и туберкулоза, истакна Филипче на прес-конференција.

Министерството за здравство, посочи, ги препозна граѓанските организации како клучен фактор за соработка и натамошно имплементирање на овие програми со оглед на нивното огромно досегашно искуство, како и контактот со целните групи.

- Објавивме два повика на кои се јавија 15 граѓански организации и денеска ги потпишуваме договорите за национално кофинансирање. Македонија има исклучително ниска стапка на инфекција со ХИВ дури и во најризичните групи. Се надевам дека и натаму заедно со граѓанските организации ќе работиме на националниот одговор против оваа болест, додаде Филипче.

Претседателот на Национална комисија за ХИВ/СИДА при Министерството за здравство, д-р Милена Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести рече дека во превентивната програма за превенција на ХИВ активно ќе бидат вклучени здравствените институции кои ќе имаат одговорност за да се одржи ниската преваленца на ХИВ. Товарот, потенцира, ќе падне на Институтот за јавно здравје, центрите за третман на зависности, Клиниката за инфективни болести и центрите за јавно здравје.

- Работата на овие институции ќе биде мониторирана и евалуирана од Национална комисија за ХИВ/СИДА при Министерството која ќе има за задача да обезбеди и мултидисциплинарен пристап со институциите. ХИВ инфекцијата е мултидисциплинарен проблем и ќе имаме потреба од учество и на други институции во реализацијата на оваа програма, додаде Стевановиќ.

Христијан Јанкуловски од ХОПС - опции за здрав живот, една од организациите која е членка на ХИВ платформата, рече дека за програмите за ХИВ за годинава се обезбедени 95 милиони денари од кои 47 милиони денари се за превентивните програми кои ќе ги имплементираат 15 здруженија, околу 43 милиони денари се за третманот за ХИВ, а остатокот од пет милиони денари се за Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје кои се поврзани со мониторинг, евалуација на овие програми.


Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер