Музичкиот состав „Инструментал Бенд“ со бројни проекти во 2018-та

Музичката група „Инструментал Бенд“ после успешниот проект „Полско цвеќе“ за 2018-та година најавува бројни музички проекти од кои првиот ќе биде комплетно завршен и презентиран кон средината на месец февруари.

Имено, музичкиот состав „Инструментал Бенд“ од Битола имаше навистина успешна 2017-та година. Проектот „Полско цвеќе“ со кој се одбележи 10-годишнината од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го изгуби нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, ги обиколи повеќето медиуми во регионот.

Фантастичната музичка изведба и емотивниот видеозапис во кој уметникот Александар Поповски го црта портретот на Тоше Проески додека момците од музичкиот состав одат во посета на Спомен куќата во Крушево, предизвика бурна реакција во јавноста. Дел од српските медиуми пишуваа дека музичкиот проект го расплакал Балканот.

Првиот од новите проекти во 2018-та ќе биде презентиран кон средината на месец февруари, а ќе опфати подзаборавени македонски и балкански евергрини на кои „Инструментал Бенд“ ќе им даде нова свежина и атрактивност.

Музичкиот состав „Инструментал Бенд“ постои од 2005-та година, а во него членуваат Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас гитара.

Уапсениот украински министер е пуштен на слобода со кауција

Украинскиот министер за земјоделство, Микола Солски, кој претходно денеска беше приведен под обвинение за вмешаност во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари, е ослободен со кауција.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Министерот вчера поднесе оставка, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски е на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат вчера на сослушувањето рекоа дека тој немал корист од таквата шема.

По ова обвинение тој може да се соочи со затворска казна до 12 години.

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори

Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули .

Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули Н.Е. Василка Треневска, Томи Димитровски, Веле Трпевски, Оливер Шамбевски и Драган Ѓурковски.

Во разговорот им ја претставивме нашата визија преточена во #платформа1198 и побаравме поддршка за следните активности на полето на дипломатијата и меѓународните односи.

Помеѓу другото се заложивме дека клучна стратегиска цел на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија. Исто така, заклучивме дека нашите надворешно-политички приоритети треба да се засноваат врз принципите на рамноправност, заемна доверба, солидарност, дијалог, меѓусебно почитување и реципроцитет.

Нашиот интерес е да градиме национално единство по клучните прашања , објави на ФБ Иванка Василевска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов

Поранешниот НФЛ играч Кори Канингем (28) вчера е пронајден мртов во неговиот дом во Клифтон, Њу Џерси, објавија американските медиуми.

Според извештајот на „РЛС Медиа“, се работи за самоубиство, откако неговата кариера во последно време беше во голем пад.

Во последните неколку месеци тој се обиде да се пробие во светот на претприемништвото и беше регистриран како агент на локална логистичка компанија во Њу Џерси.

Канингам присуствуваше на колеџот Синсинати и играше за Аризона Кардиналс, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џајантс за време на неговата кариера во НФЛ. Неговиот последен ангажман беше во Далас Каубојс, каде членуваше само како тренер, а доби отказ во јануари минатата година. Тој беше член на тренинг кампот на Џиновите претходното лето.

Поранешниот клуб, Њујорк Џајантс се прости од него.

- Тажни сме поради веста за смртта на Кори Канингем. Тој беше клучен дел од духот и заедништвото во соблекувалната. Нашите мисли се со семејството на Кори, пријателите и соиграчите - се вели во соопштението на клубот.

притисни ентер