Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Читателите на книгата „Живот во кутија“ денеска имаа повторна можност, по промоцијата на 16 ноември, да се дружат со нејзиниот автор Томислав Кежаровски и да добијат негов потпис со посвета. Средбата со писателот-новинар, кој во својата прва книга раскажа за осуммесечниот притвор во затворот Шутка, денеска од 12 до 15 часот е организирана во книжарницата Или-Или.

Кежаровски  изјави дека на оваа средба сака да го слушне мислењето од тие што ја прочитале книгата која тој ја објави самостојно и по два месеца од нејзиното појавување ја следат позитивни реакции.

- Првите впечатоци што ги добивам од читателите се повеќе од одлични. Читлива е, но е тешка во однос на она што го истакнувам во неа - сите мои подеми и падови во деновите додека бев во притвор. Најмногу ме радуваат позитивните критики од читателите, кои се и најповикани зашто уживаат во пишаниот збор. Не верувам дека темата во книгата им се доапаѓа, но на оваа средба сакам да разменам мислења за начинот на пишување, па во иднина, кога ќе следува продолжение на оваа книга, да се поправам во делот на пишувањето, ако има потреба, истакна Кежаровски.

Се чувствувал, рече, и притисок по објавувањето на книгата. - Но тоа се тие за нив својствени работи. Не се појавува јавно, меѓутоа го прават своето онака како што го правеа и претходно. Се обидуваат, но тоа нема да не спречи, мене и моето семејство,  во нашите настојувања да истраеме, рече авторот на  „Живот во кутија“.

Книгата веројатно уште овој месец ќе има второ издание, а авторот се подготвува и за нова книга која ќе биде продолжение и надоврзување  на првата.
- Вториот дел ќе биде околу „режисерите“ на мојот случај. Сите оние кои, условно, помалку или повеќе придонесоа да појдам во притвор. Работам на прибирање на податоците. Дел од материјалите се уште ги немам видено затоа што можеби и не сум доволно психички подготвен да ги разгледам сите. Оној момент кога ќе бидам во состојба да можам и да бидам растоварен од некои работи за да седнам и да се посветам на тоа, ќе почнам со подготовката. Се надевам дека во догледен период, можеби на крајот на годината, ќе излезе продолжението - втората книга. Но, да оставиме да видиме како ќе се одвиваат работите, изјави  Кежаровски. 

Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието

Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори.  

Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани.

Медицинскиот тим интервенирал по барање на полицијата.

Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.

Протестот беше организиран преку социјални мрежи. /МИА

Утре променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето утре променливо облачно на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 7. Минималната температура од 11 до 18 а дневната највисока температура на воздухот

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен северен ветер. Температурата од 16 до 31 степен.

Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. Во среда како и во следните два дена ќе биде  сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога  ќе опаднат за неколку степени. /УХМР

Протест пред Собранието против Договорот со Грција

Пред Собранието на Македонија се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Протестот е организиран преку социјални мрежи.

Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон.

Дел од учесниците во протестите фрлаат камења и факли кон полицискиот кордон. 

Тие укажуваат дека граѓаните се тие кои одлучуваат за својата и иднинатата на државата. 

Учесниците во протестот извикуваат пароли „Македонија, не го даваме името“ и пејат патриотски песни.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден. /МИА

притисни ентер