Ќерката на најстрашниот мафијаш продава сувенири во негова чест

Ќерката на најозогласениот Сицилијански шеф на мафијата продава сувенири со ликот на нејзиниот татко .
Ќерката на Тото Риина во чест на татко и продава сувенири , кафе и маслинов зејтин со неговиот лик . Шефот на мафијата , кој беше инспирација за Дон Корлеоне и имаше надимак ,,Ѕверот “ почина минатиот месец на 87 годишна возраст во затвор , каде беше осуден на 26 доживотни казни .

Меѓу злостоствата по кои се памети Тото Риина е убиството на 13 годишно момче со давење , а потоа растопување на неговото тело во киселина.

Тоа не ја спречува ќерката на ,,Ѕверот “ , Мариа Риина заедно со нејзиниот сопруг да почнат со онлајн продажба на продукти со ликот на мафијашкиот бос.

Италијанските власти , откако реагираше јавноста , го блокираше сајтот на Риина.

Сакале да најдат совршено место за ,,Да” , а потоа доживеале ужас

Момче и девојка од Флорида биле на патување од соништата во Мексико , каде сакале да се венчат , но доживеале хорор.

Френк и Џенифер Масабки барале идеално место каде ќе се венчаат , но наместо романтика , биле нападнати , ограбени под закана со оружје и серионо претепани. Џенифер за малку ќе била силувана и заработила скршен нос , поради што понеколку дена завршила на операција. Откако успеале да побегбнат , отишле целите крвави во полициска станица во Мексико Сити.

Нападот почнал во такси , кога се качиле да се повозат низ градот за да најдат место за венчавка . По извесно време , во возилото влегле двајца вооружени , ги ограбиле и ги натерале да им дадат контакт во САД , за да се јават и да добијат откуп за нив.

Неколку часа ги држеле во заложништво и ги тепале. Кога се нафрлиле врз Џенифер за да ја силуваат , Френк успеал да се одврзе , избегал , а криминалците тргнале да го бркаат . Прво ја врзале Џенифер , но и таа некако се одврзала. Се качила на дрво, таму се скрила  и чекала да дојде Френк со полицајците.  

Откако дале изјави во полицијата , веднаш се вратиле на Флорида и биле сместени во болница.

Велат дека најмногу им помогнало тоа што биле во одлична физичка кондиција и што разбирале шпански , па знаеле кои се намерите на напаѓачите.

,, Конечно сум задоволна од своето тело”- актерката на 52 години се разголи

Актерката Брус Шилдс во својата 52 години позира во бикини.

Актерката и модел Брук Шилдс снимаше нова кампања за костими за капење и докажа дека изгледа се подобро. Ѕвездата на култниот филм ,,Сината лагуна “ успеала со текот на годината да ја задржи формата. Со височина од 182 сантиметри , импресивно затегнати стомачни мускули и долгите нозе, Брук беше првиот избор за поваа рекламна кампања.

Таа во изјава за магазинот Пипл вели дека конечно успеа да постигне самодоверба и дека сега е посигурна во себе отколку кога имала 20 тина години. ,, Со текот на времето успеав да постигнам самодоверба низ својата работа , моите страасти , мрежа на женски модели , но и мајчинството.

Во 52 година конечно се чуствувам гордо на самата себе. Можам да кажам дека се чуствувам сигурно во својата кожа , сакам да го покажам своето тело , а не да го кријам.”

Мајка во затвор – ја принудувала ќерка си да се мажи

Мајка од Британија е осудена на четири и пол години затвор поради тоа што ја принудувала ќерката на брак.

Жената од Бирмингем , на околу 40 годишна возраст ја принудувала својата 17 годишна ќерка во септември 2016 да оди во Пакистан и да се мажи. Девојката останала на 13 годишна возраст бремена од мажот , кој имал тогаш 29 години , што за мајката било прифатливо.

За Британското правосудство ова е прв случај решен во корист на злоупотребеното девојче. Судијата патрик Томас рекол дека девојчето било продадено за пасош.

Идентитетот на мајката и ќерката не се открива.

притисни ентер