„Снежната кралица“ нова премиера на Тетарот за деца и младинци

Театарот за деца и младинци-Скопје, во среда премиерно ќе ја изведе претставата „Снежната кралица“ во режија на Драгана Милошевски – Попов, по текст на Билјана Крајчевска.
Катарина Илиевска Силјановска в.д. директор на театарот, на денешната прес-конференција најави дека ова е прва претстава во новата сезона на театарот, која се подготвувала темелно и подолго од вообичеано меѓу другото и поради честите гостувањана театрот на меѓународни фестивали. 
Режисерката Милошевски - Попова истакна дека  „Снежната кралица “, е нејзина втора соработка со овој театар по претставта „Пипи долгиот чорап“ од 2010 година, која се уште е на репертоарот на овој театар. Нагласи дека се работи за интересен текст кој нуди своја верзија на основната приказна по бајката на Х.К. Анредсен напишана 1844-45 која била инспирација за многу автори.

- Нашата претстава не ги дели ликовите само на добри и само на лоши туку отвора разни прашања зошто некој лик донесува некаква важна одлука. Сметаме дека во Тетарот за деца немаме право да даваме конечни животни ставови, да наметнуваме нешто туку да ги провоцираме децата да размислуваат на тема што е добро да се направи, а што не, да одлучат сами кој е нивниот пат, а ние како родители сме тука да ги поддржиме. Се обидовме во претсатавата со сите автори да ги научиме децата да размислуваат, да поставуваат прашања за тоа зошто донесуваат одредени потези во животот. Тоа за мене е многу важно во создавање на една театрска претстава за деца, рече Милошевски-Попов.

Авторката на текстот Крајчевска, која е вработена како драматург во Битолскиот театар, истакна дека ова е нејзин прв театарски текст за деца. 

- Детската фантазија е нешто бесконечно и нешто што треба да ни предизвика и кај нас инспирација за да успееме да ја задржиме и да ја продолжиме низ оваа претстава, низ овој текст, низ овој начин на игра. Радосна сум бидејќи овој процес беше одличен за мене, а се надевам и за колегите, и дека со едно заедно истражување со колегите од театарот стигнавме до еден продукт кој се надевам сите ќе ги израдува, вели Крајчевска.

Ана Левајковиќ која ја игра насловната улога, за разлика од нејзините поранешни улоги, овде вели прв пат се јавува во улога на „негативец“. 

- Имавме одлична соработка. Добра екипа сме, грабиме напред. Се надевам дека ќе имаме хит - претстава и дека децата ќе ја засакаат оваа претстава, рече Левајковска. 

Во оваа приказна за силата на пријателство, љубовта и расетњето, улогата на Герда ја игра единствената гостинка Сара Климоска, штотуку дипломиран актер на ФДУ, а Кај ќе го донесе Бојан Кирковски. Во актерската екипа се и Мики Анчевски, Симона Спировска, Емра Куртишова и Мартин Јорданоски.
Сценографијата е на Кирил Василев, костимограф е Андреј Папаз Ѓоргиевски, а кореографија и сценски движења се на Симона Спировска. Композитор на музиката е Огнен Анастасовски. Илустратор на боенка и постерот кој е специфично решен е Марко Георгиевски.

Инаку последен пат „Снежната кралица“ е поставена на сцената на Театарот за деца и младинци во 2005 година како куклена претстава. Според првиот човек на театрот в.д. директорката Илиевска Силјановска претставта не се задржала многи на репертоарот што според неа се должи на непостоење интерес кај публиката за ваков тип претстави, кои се вели репер за успешни претстави на меѓународни фестивали. Нејзина интенција, во тој контекст, е вели во лседниот педиод да се наврати на куклените претстави.  

Таа најави дека по завршување на подготовските за оваа претстава театарот ќе пристапи кон подготовка на нов проект наменет за младинската сцена инспириран од „Сидарта“ на Хесе во режија на Јане Спасиќ.

Реприза на Снежната кралица ќе се игра ден по премиерата на 30 ноември, а потоа ќе влезе во редовниот репертоар на театарот./МИА

Фирма чии ко-сопственик е Анѓушев добила 160.000 евра од Фондот за иновации

Фондот за иновации додели 160.000 евра на сметката на Каст Инвест, компанија чиј косопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев. 

Сопственици на Каст инвест се компанијата Брако, на Анѓушев, Митко Кржовски и Владо Атансовски.  Од кабинет велат дека нема ништо спорно во ова, затоа што Анѓушев со стапувањето на функцијата вицепремиер за економски прашања се повлече од управувачките функции во сите компании каде што има сопственички капитал.

Вицепремиерот Анѓушев  на јавноста и го презентираше анкетниот лист и се што поседува – со што покажа транспарентност и отвореност дека нема што да крие. Во врска со целиот процес што го води Фондот за иновации и технолошки развој Ве информираме дека е воспоставен двостепен систем за евалуација и селекција на доставените проекти од страна на стручни и независни комисии по јасни критериуми кои се еднакви за сите компании што учествуваат на повикот и не фаворизираат ниту еден правен субјект, соопшти кабинетот  на Кочо Анѓушев.

Директорот на Фондот за иновации вели дека процесот бил транспарентен и сите потенцијални апликанти биле информирани преку јавен повик кој траел 45 дена. Вели дека системот на оценување е поставен да оневозможи влијание на било кое лице, вклучително и функционер.

Во самата фаза има  два дела, првиот е предселекција каде што апликацииите се разгледуваат од надворешни лица кои се бираат на јавен повик, каде се одлучува дали апликацијата ќе помине во следната фаза во која одлучува комитет за одобрување на инвестиции , кој е составен од 5 странски експерти, чија што одлука е финална.

-Целиот процес го вршат лица кои немаат врска со политиката, сопственичката структура не е важна во критериумите..

Останува прашањето дали позицијата сопственик на компанијата “Брако” не го става  вицепремиерот во класична позиција на судир на интереси, нешто слично на конкурирањето на тендерот со “ЕЛЕМ” пред повеќе од една година, кога по притисокот од јавноста тој се повлече.

Директорот на фондот  вели дека на првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од планот за економски раст грантови добиле 80 фирми, во вкупна сум а од 10 ипол милиони евра.

Данев: Повторно се злоупотребува европското знаменце и Комисијата за европски прашња

Повторно, како и со Законот за јазици, така и со Изборниот законик мнозинството грубо го злоупотребува европското знаменце и Комисијата за европски прашња, обвини денеска Драган Данев. 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. 

- Изборниот законик во Република Македонија никогаш не се носел без консултации со опозицијата и никогаш не се разгледувал на Комисијата за европски прашања. Овој закон нема никаква допирна точка со Комисијата за европски прашања и со усогласување на нашето законодавство со законодавствто на ЕУ. Токму затоа и на овој закон никаде нема наведено изворен акт со што се усогласува, изјави Данев.

Нагласи дека секогаш кога парламентарното мнозинство сака нешто да протурка набрзина и на мала врата го користи европското знаменце и Комисијата за европски прашања.

- Според логиката на Владата и парламентарното мнозинство сите држави во Европската унија имаат исти изборен систем, иста изборна комисија и ист изборен законик, а ние како држава само треба да го усогласиме со нивниот, што е апсурдно и смешно. Предупредуваме дека ваквото своеволно и неделовничко однесување, однесувајќи се како Собранието на Република Македонија да е приватна институци ќе има понатамошни последици за демократијата во земјава, посочи Данев.

Тој рече дека парламентарното мнозинство го приватизира Собранието и оти на СДСМ и ДУИ веќе им премина во навика да го кршат Уставот на Република Македонија, законите и Деловникот за работа на Собранието.

- Скандалозно, неделовнички и со двојни аршини е однесувањето на претседателот на Комисијата за европски прашања. Во Собранието на Република Македонија не важи ниту едно правило, ниту една процедура, важи само волјата и желбите на СДСМ и ДУИ, рече Данев. 

Конечно отворен малиот групен дом во Тимјаник

Во Тимјаник по сите непотребни скандали конечно се отвори малиот групен дом за дечиња.

Мартина, Аделина, Никола и Антонио, четири деца со попреченост добија нов живот, откако денеска беше отворен малиот групен дом во неготинското село Тимјаник.

Тие овде се како едно мало семејство, откако го напуштија специјалниот завод демир капија, во рамките на процесот за деинституционализација.

Како што рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, тие сега добија подостоинствен живот.

притисни ентер