Култура„Снежната кралица“ нова премиера на Тетарот за деца и младинциТеатарот за деца и младинци-Скопје, во среда премиерно ќе ја изведе претставата „Снежната кралица“ во режија на Драгана Милошевски – Попов, по текст на Билјана Крајчевска.Катарина Илиевска Силјановска в.д. директор на театарот, на денешната прес-конференција најави дека ова е прва претстава во новата сезона на театарот, која се подготвувала темелно и подолго од вообичеано меѓу другото и поради честите гостувањана театрот на меѓународни фестивали. Режисерката Милошевски - Попова истакна дека „Снежната кралица “, е нејзина втора соработка со овој театар по претставта „Пипи долгиот чорап“ од 2010 година, која се уште е на репертоарот на овој театар. Нагласи дека се работи за интересен текст кој нуди своја верзија на основната приказна по бајката на Х.К. Анредсен напишана 1844-45 која била инспирација за многу автори. - Нашата претстава не ги дели ликовите само на добри и само на лоши туку отвора разни прашања зошто некој лик донесува некаква важна одлука. Сметаме дека во Тетарот за деца немаме право да даваме конечни животни ставови, да наметнуваме нешто туку да ги провоцираме децата да размислуваат на тема што е добро да се направи, а што не, да одлучат сами кој е нивниот пат, а ние како родители сме тука да ги поддржиме. Се обидовме во претсатавата со сите автори да ги научиме децата да размислуваат, да поставуваат прашања за тоа зошто донесуваат одредени потези во животот. Тоа за мене е многу важно во создавање на една театрска претстава за деца, рече Милошевски-Попов. Авторката на текстот Крајчевска, која е вработена како драматург во Битолскиот театар, истакна дека ова е нејзин прв театарски текст за деца. - Детската фантазија е нешто бесконечно и нешто што треба да ни предизвика и кај нас инспирација за да успееме да ја задржиме и да ја продолжиме низ оваа претстава, низ овој текст, низ овој начин на игра. Радосна сум бидејќи овој процес беше одличен за мене, а се надевам и за колегите, и дека со едно заедно истражување со колегите од театарот стигнавме до еден продукт кој се надевам сите ќе ги израдува, вели Крајчевска. Ана Левајковиќ која ја игра насловната улога, за разлика од нејзините поранешни улоги, овде вели прв пат се јавува во улога на „негативец“. - Имавме одлична соработка. Добра екипа сме, грабиме напред. Се надевам дека ќе имаме хит - претстава и дека децата ќе ја засакаат оваа претстава, рече Левајковска. Во оваа приказна за силата на пријателство, љубовта и расетњето, улогата на Герда ја игра единствената гостинка Сара Климоска, штотуку дипломиран актер на ФДУ, а Кај ќе го донесе Бојан Кирковски. Во актерската екипа се и Мики Анчевски, Симона Спировска, Емра Куртишова и Мартин Јорданоски. Сценографијата е на Кирил Василев, костимограф е Андреј Папаз Ѓоргиевски, а кореографија и сценски движења се на Симона Спировска. Композитор на музиката е Огнен Анастасовски. Илустратор на боенка и постерот кој е специфично решен е Марко Георгиевски. Инаку последен пат „Снежната кралица“ е поставена на сцената на Театарот за деца и младинци во 2005 година како куклена претстава. Според првиот човек на театрот в.д. директорката Илиевска Силјановска претставта не се задржала многи на репертоарот што според неа се должи на непостоење интерес кај публиката за ваков тип претстави, кои се вели репер за успешни претстави на меѓународни фестивали. Нејзина интенција, во тој контекст, е вели во лседниот педиод да се наврати на куклените претстави. Таа најави дека по завршување на подготовските за оваа претстава театарот ќе пристапи кон подготовка на нов проект наменет за младинската сцена инспириран од „Сидарта“ на Хесе во режија на Јане Спасиќ. Реприза на Снежната кралица ќе се игра ден по премиерата на 30 ноември, а потоа ќе влезе во редовниот репертоар на театарот./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
БизарноЕзеро крие најневеројатен феномен на светот- на секои две секунди над него удираат громови (ВИДЕО)Замислете место каде што громовите удираат 297 ноќи годишно, што трае до 10 часа на ден.Звучи како сцена од научно-фантастичен филм, но такво место навистина постои. Тоа е езерото Маракаибо во Венецуела, над кое се случува еден од најнеобичните природни феномени во светот - молњата Кататумбо (Relámpago del Catatumbo). „Светилникот на Маракаибо“ Овој спектакуларен феномен е толку чест што се случува пет од секои шест ноќи. Понекогаш, за една минута се регистрирани речиси 30 удари на гром! Езерото Маракаибо бележи 233 молњи на квадратен километар годишно, што го прави апсолутно светско жариште за атмосферски празнења, објавува Severe Weather. Зошто громовите удираат тука толку често? Одговорот лежи во единствената комбинација на географски и климатски услови. Локацијата на езерото го фаворизира честото формирање на бури, а околните планини и топлиот, влажен воздух играат клучна улога во ова. Во текот на ноќта, постуден воздух се спушта од планинските венци кои се дел од Андите и се судира со топол, влажен воздух над езерото. Овој судир на воздушни маси предизвикува развој на бури, особено во областа на устието на реката Кататумбо, каде што се влева во езерото Маракаибо. Поради својата фреквенција, интензитет и регуларност, овој феномен е наречен и „Светилник на Маракаибо“. Молњата е видлива од растојание од неколку десетици километри и со векови е впечатлива знаменитост во оваа област. „Континуирана молња“ Италијанскиот географ Агустин Кодачи еднаш ја опишал оваа сцена како „континуирана молња“, нагласувајќи дека феноменот се случува во таква позиција, речиси во правец на меридијанот на устието на езерото, што служи како „светилник“ за морнарите. Поради својата речиси постојана активност, молњата Кататумбо е позната и како „Вечна бура“. Пред да станат достапни поточни податоци, областа околу селото Кифука во Демократска Република Конго се сметаше за место со највисока фреквенција на удари од гром во светот. Таму годишно се евидентираат 158 молњи на квадратен километар, што е значително помалку од 233-те што се припишуваат на езерото Маракаибо.Тагови: громови езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПакистан испраќа војска во Саудиска Арабија- договорот е потпишан уште во август Пакистан ќе испрати војници во Саудиска Арабија за да помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на земјата во услови на ескалација на нападите од страна на јеменските бунтовници Хути, соопшти денеска пакистанската војска.Во соопштението се вели дека пакистанските војници ќе бидат распоредени во Саудиска Арабија во согласност со постојните договори за одбранбена соработка, објави АП. Пакистанската војска не соопшти колку војници ќе бидат распоредени, какви ќе бидат нивните специфични задачи, колку долго ќе трае мисијата или кога ќе пристигнат во Саудиска Арабија. Одлуката на Исламабад дојде два дена откако саудиските, турските и пакистанските воени и одбранбени претставници се состанаа во Исламабад за да ја потврдат поддршката за Ријад според трилатералниот договор што го смета нападот врз еден член како напад врз сите три. Пакистан ја потврди својата посветеност на заштитата на двете најсвети џамии во исламот, во Мека и Медина, во соопштение, во кое се вели дека распоредувањето ќе помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на Саудиска Арабија во услови на нови безбедносни предизвици. Саудиска Арабија ги обвинува Хутите за ракетни и беспилотни напади на нејзина територија, вклучително и обиди за напад врз Мека и Медина, што Хутите го негираат. Борбите во Јемен се интензивираа во текот на летото меѓу Хутите и силите поддржани од владата поддржана од Ријад. Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор за меѓусебна одбрана во Мека на 7 август, велејќи дека тој е насочен исклучиво кон одбрана и не е насочен против која било друга земја. Пакистан има воено присуство во Саудиска Арабија со децении, каде што неговите војници ги обучуваат и советуваат саудиските сили од почетокот на 1980-тите.Тагови: Пакистан Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноВо куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor). Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP. Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки. Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката. Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина. Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни. Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји. Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства. На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.Тагови: тарантули цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook