Софија Лорен навистина има што да сподели, а ова се нејзините најинтересни изјави.
Ова се некои од нејзините најзначајни изјави од различни интервјуа дадени во текот на нејзината долга филмска кариера.
1. Сексапилот е 50 отсто од тоа што го имаш и 50 отсто од тоа што луѓето мислат дека имаш.
2. Мораш да уживаш во животот. Секогаш опкружи се со луѓе кои ти се допаѓаат, со кои можеш убаво да разговараш. Постои толку позитивни работи за кои треба да размислуваме.
3. Фустанот треба да биде како ограда од бодликава жица
4. После сите овие години, секогаш сум вклучена во процесот на самооткривање. Подобро да се истражува животот и притоа да се прават грешки, отколку да се игра на сигурно. Грешките се дел од долговите кои личноста ги плаќа за да води богат живот.
5. Мајката секогаш треба да мисли два пати. Еднаш за себе, а еднаш за своето дете.
6. Постои фонтана на младоста. Тоа е твојот ум, твојот талент, креативноста која ја внесуваш во својот живот и во животот на личноста која ја сакаш. Кога ќе научиш да го користиш тој извор, тогаш вистински ќе ги победиш годините.
7. Погрешно е да се мисли дека еднаш кога ќе завршиш училиште повеќе никогаш нема да треба да научиш нешто ново.
8. Твоите очи не можат да бидат убави ако не заплакале барем еднаш.
9. Многу луѓе мислат дека сакаат работи, но всушност не поседуваат сила, дисциплина. Верувам дека можеш да го добиеш тоа што го сакаш само ако го посакуваш доволно силно.
10. Мислам дека задоволството доаѓа одвнатре. Тоа е нешто што или го имаш или го немаш, и нема врска со градите, нозете или усните.